Свети Терапонт () — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.
Историја Храмот се наоѓа на улица „Кесарија“ бр. 19 во јужното маало Ќуплија. Подигнат е во 1935 г., за што сведочи вградената мермерна плоча. Во 1950 г. е реконструиран. Градбата претставува мала крстокуполна црква, чија купола е обновена во 1987 – 1990 г.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Терапонт Терапонт, Сер Категорија:Појавено во 1935 година