Свети Јован Серски и Свети Лука Симферополски () — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Историја Храмот се наоѓа на улица „Елевтериос Венизелос“ бр. 143 во западното маало Каменица, местото на старо сиропиталиште. Посветен е на новомаченикот Јован Серски, настрадан за верата во 1480 г. и на рускиот лекар, епископ и новомаченик Лука Симферополски (1877 - 1961). Изграден е од митрополитот Теолог Серски и е отворен во на 3 октомври 2009 г. Градбата претставува ротонда со купола. Во црквата има мошти на Лука Симферополски, подарок од манастирот „Пресв. Богородица Добренска“ во Берско.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Јован Серски Лука Симферополски Јован Серски Лука Симферополски, Сер Категорија:Појавено во 2009 година