Свети Никола ( — црква во селото Ниверо, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува парохиски храм на селото.

Во 1920-тите во селото се доселиле 200 грчки семејства и ја изградиле црквата „Св. Никола“. Иконата „Пресв. Богородица Вратарница“ датира од 1930 г. Храмот е повеќепати преуредуван, но постепено станал премал за потребите, па во 1988 г. е подигната велелепна трикорабна базилика со купола. Осветена е на 14 мај 1996 г. од митрополитот Максим Серско-нигритски.

Во парохијата влегуваат и параклисите „Живоносен Извор“, „Св. Илија“ и „Св. Троица“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Никола, Ниверо Никола, Ниверо Категорија:Појавено во 1988 година