ПОФК Ботев Враца е бугарски фудбалски клуб од Враца, Бугарија. Моментално се натпреварува во Првата лига на Бугарија, најсилното ниво на бугарскиот лигашки фудбалски систем.

Клубот е основан во 1921 година. Од 1964 до 1990 година, Ботев одиграл 26 последователни сезони во Првата лига на Бугарија, што е нивниот најдолг непрекинат период во елитата на бугарскиот фудбал. Најдобриот пласман, клубот го постигнал во сезоната 1970-1971, кога завршил на третото место.

Од 1948 година, своите домашни натпревари Ботев ги игра на стадионот Христо Ботев, кој има капацитет од 25.000 седечки места. Традиционалната боја на клубот е зелената, па најчесто играат во целосно зелена опрема, со бели натписи.

Претходни имиња 1921 – 1928: Ботев 1928 – 1938: Ботев-Орел 28 1938 – 1949: Ботев 1949 – 1953: Динамо 1953 – 1957: Спартак 1957 – 1986: Ботев 1986 – 1990: ФК Враца 1990 – : Ботев

Пласмани по сезони

Играчи Моментален состав

Надворешни врски Официјален сајт на клубот Виртуелен музеј „100 години Ботев (Враца)“

Категорија:ПОФК Ботев (Враца) Ботев Враца