Света Катерина () — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.
Историја мини|лево|250п|Фреска „Исцелувањето на лепрозните“, 1315 – 1320 г. Храмот се наоѓа во северозападниот дел на Горниот Град. Подигнат е на крајот од XIII или почетокот на XIV век, но не се познати точната година и точниот светец на кој бил посветен. Судејќи по внатрешните укарси во фрегменти, датира од околу 1315 г., и постои претпоставка дека бил црква на манастирот „Христос Седржител“. По падот на Солун во рацете на Османлиите за време на Бајазит II, црквата е претворена во муслимански храм и го добила името Јакуп-пашина џамија ().Papagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.69 По потпаѓањето на Солун под грчка власт во 1912 г. црквата е посветена на Света Катерина.
Градбата има сложен четворен крстовиден план, со пет куполи и затворен надворешен трем кој води на исток во жртвеникот и ѓаконикот — денешниот параклис „Св. Ефимија“. Во конхата на жртвеникот се зачувани фрески на јерарси и апостоли. Во куполата има пророци и ангели околу Христос Седржител. Во северозападната купола е Христос Емануил.
Во главниот храм се зачувани фрески на Христовите чуда — Свадбата во Кана, Исцелувањето на фатениот, на слепите, на лепрозниот, смирувањето на езерските води, и на разговорот на Исус со Самарјанката. Има и стари фрески со светци и испосници. Претпоставката дека бил посветен на Христос Седржител се должи на застапеноста на подробни сцени од житието на Христос.
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Надворешни врски
Катерина Катерина, Солун Катерина, Солун Катерина, Солун Категорија:Светско наследство во Грција