Пресвета Богородица Скоропослушница или Рождество на Пресвета Богородица, наречена и Панагуда () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа на аголот на улиците „Егнатија“ и „Герман Патраски“. Изградена е во 1818 г. на местото на постар грам со истото име, уништен од пожар во 1817 г. Можно е на местото да имало и византиска црква, судејќи по реликвиите од византискиот период што се чуваат во храмот. Можно е да се работи за „царскиот“ манастир споменат во XII, XIII и XIV век.

Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква, типична за своето време. Според изворите, храмот е изграден поголем од пропишаното во дозволата од османлискат авласт. На храмот работеле зографи од Кулакиската школа; во 1820 г. на неа работел Маргарит Ламбу, а во 1890-тите години на XIX век и Митакос Хаѕистаматис.

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Надворешни врски

Богородица Рождество Богородица Рождество, Солун Богородица Рождество, Солун Категорија:Појавено во 1818 година