Вознесение Христово () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата се наоѓа во истоименото маало Аналипси (Вознесение), спроти морскиот брег и до маалото Пирги.
На крајот на XIX век грчката црковна општина решила да изгради втор храм вон ѕидините по „Св. Троица“. Издејствувале султански ферман и патријаршиски печат од Неофит VIII (1891 - 1894). Камен-темелникот на црквата е поставен во 1893 г. за време на митрополит Атанасиј Солунски. Архитект на градбата е Кокинос, која ја изградил во облик на традиционалната трикорабна базилика. Осветена е на 5 мај 1919 г. од митрополитот Генадиј Солунски. Иконостасот е изработен во 1907 г. од Јоанис Лиритис од Тинос, а иконите на него се дело на негушкиот зограф Христодулос Матеу.
За време на окупацијата во Втората светска војна во камбанаријата на црквата работела нелегална радиостаница, која емитувала програма на Сојузниците под раководство на свештеникот Евангелос Мурѕинос.
Во 1954 г. е поставен камен-темелникот парохиски културен центар, во кој има параклис „Св. Јован Претеча и Св. Силуан Атонит“. Во 1987 г. храмот е проширен за првпат. Во 2004 – 2005 г. е проширен уште еднаш, и притоа се изградени параклисите „Св. Фотина и Ирина“ и „Св. Апостол Тома“ во внатрешноста на храмот и „Св. Антониј“ во западниот дел на дворот.
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Надворешни врски
Вознесение Христово Вознесение Христово Категорија:Појавено во 1919 година