Вдовицата во бело () е американска / колумбиска теленовела снимана во САД и Колумбија, во 2006 / 2007 година. Серијата во САД има огромен успех, а голем резултат е добрата глумечка екипа а и вечерниот термин на прикажување.

Синопсис Во градот Тринидад доаѓа една чудна жена, во потрага по своето минато. Тоа е Алисија Гуардиола, вдовица и мајка на малите близнаци кои се под старателство на баба им, мајката на нивниот татко, угледна и немилосрдна госпоѓа Перфекта Албарасин де Бланко. Нејзиното враќање и желбата да ги поврати своите деца не наоѓа одобрување од фам. Бланко која на сите начини ќе се обиде да ја спречи. Обвинета за злосторство кое не го направила, Алисија ја чека тешка задача да ги убеди луѓето во градот за својата невиност. Поддршката ќе и ја пружи Хустино Брињон, богаташ од кои сите се плашат поради своите ноќни излегувања. Оваа преубава жена ќе помине низ значајни настани во градот. А во текот на борбата за децата, Алисија ќе сретне луѓе кои ќе го одбележат нејзиниот живот, меѓу кои е и девер и Себастијан во кого се заљубува, не помислувајќи какви фатални последици може да и донесе таа врска.

Улоги Глумци ЛиковиИтати Канторал Алисија ГуардиолаГабриел Порас Себастијан БланкоАлехандро Фелупе Диего / Дуван БланкоЗарик Леон Илуминада УрбинаЗули Монтеро Доња Перфекта АлбарасинЛилибет Мориљо Ајде БланкоФлавио Кабаљеро Хустино Брињон

Вдовицата во Бело на Балканот Бугарија: бТВ Србија: Фокс ТВ

Надворешни врски Официјална Веб Страна Сериалс.ру

Категорија:Колумбиски телевизиски серии Категорија:Теленовели Категорија:Телемундо