Бад Лар (до 1975 година: Лар; ) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Поради бањски области во општинските единици Хардензетен, Мишен, Вестервиде и Винкелзетен, општината од 1975 година е признато одморалиште и лековита бања.

На 1 мај 1981 година, општината Гландорф е одвоена од Бад Лар и станала самостојна општина.

Географија Местоположба

Бад Лар се наоѓа на преминот од Тевтобуршката Шума во Оснабрички крај со граница кон Минстерски крај и со Источна Вестфалија. Највисока точка е Клајне Берг со височина од 208 метри.

Општински единици

Во состав на општината влегуваат следниве единици (состојба 2006 г.):

Хардензетен (783) Лар (5740) Мишен (830) Ремзеде (1149) Вестервиде (419) Винкелзетен (341)

Соседни општини

Бад Лар се граничи со следниве општини:

на север со Бад Ибург на исток со Хилтер на Тевтобуршката Шума и Бад Ротенфелде на југ со Ферсмолд и Засенберг на запад со Гландорф

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Оснабрик (округ) Категорија:Општини во Долна Саксонија Категорија:Бањски градови во Германија