Орден на партизанската ѕвезда (/, ) — југословенско воено одликување.

Историја Орденот бил воспоставен по наредба на Јосип Броз Тито, врховен командант на југословенските партизани на 15 август 1943 година. Во зависност од видот на манифестираните лични квалитети, на примачот му биле доделувани различни ордени:Зборник докумената и података о народноослободилачком рату југословенских народа, том II, књига I — Билтен Врховног штаба Народноослободилачке војске Југославије 1941—1945. Београд: Војно-историјски институт Југословенске армије. 1949

Орден на партизанската ѕвезда со златен венец - за вешто командување и извонредни заслуги. Орден на партизанската ѕвезда со сребрен венец - за храброст и подвиг на воин. Орден на партизанската ѕвезда со пушки - за храброст и саможртва.

На 1 март 1961 година со актот се менуваат имињата на класите и се поставува називот Орден на партизанскате ѕвезда од 1., 2. и 3. ред. Сите редови продолжиле да им се доделуваат на офицерите на ЈНА за успешно командување со единиците на вооружените сили, за умешност во водење борбени дејствија и за покажана особена храброст во борбата против непријателот. Можело да се додели и на државјани на Југославија и на странски државјани.Каталог изложбе: Одликовања из легата Историјског архива Београда. Београд: Историјски архив Београда. 2015. s. 24 Dostupné online

Орденот бил доделуван од 1943 до 1980 година и за тоа време бил доделен вкупно 12.542 пати, вклучувајќи:Opća enciklopedija, Jugoslavenski leksikografski zavod, Zagreb, 1980Boris Prister, Odlikovanja, Povijesni muzej Hrvatske, Zagreb, 1984

1. ред - 627, меѓу кои 37 странци 2. ред - 1.531, меѓу кои 34 странци 3. ред - 10.384

Опис на орденот Значката на Орденот на партизанската ѕвезда е изработена од сребро, што е позлатено во случајот на 1. ред. Значката на орденот од 1. ред има облик на црвена емајлирана петкрака ѕвезда поставена на златен лаворов венец. Ѕвездата е обрабена со злато. Кај 2. ред орденот е со венец и сребрен раб. Кај 3, ред ѕвездата не се става на венец туку лежи на вкрстени пушки. Пушките и рабовите во овој случај се сребрени.Каталог изложбе: Одликовања из легата Историјског архива Београда (2015). s. 25

Орденот првично бил без лента. За да може редот да се носи со други украси, во 1961 година е воспоставена лента. Црвена е во случај на 1. ред. Кај 2. ред, лентата е црвена со две жолти пруги. Кај 3. ред, лентата е црвена со четири жолти пруги.Каталог изложбе: Одликовања из легата Историјског архива Београда (2015). s. 25

Автори на дизајнот билесликарот Ѓорѓе Андрејевиќ-Кун и вајарот Антун Аугустинчиќ. Првите примероци биле направени во Московската ковачница. По војната најпрвин се произведуваат во работилницата на Браќата Кнаус во Загреб, а подоцна и во ковачницата Орешковиќ Марко во Загреб.Каталог изложбе: Одликовања из легата Историјског архива Београда (2015). s. 30

Изглед и ленти на одликувањата Орден на партизанската ѕвезда со златен венец Орден на партизанската ѕвезда со сребрен венец Орден на партизанската ѕвезда со пушки Изглед на одликувањата 200п 180п 200п Ленти на одликувањата Податотека:Order of the partisan star with golden wreath Rib.png Податотека:Order of the partisan star with silver wreath RIB.gif Податотека:Order of partisan star with rifles RIB.gif

Поврзано Ордени, одликувања и медали на Социјалистичка Федеративна Република Југославија

Наводи

Категорија:Југословенски ордени и одликувања