мини|250п|Сонцето близу работ на Месниот Меѓуѕвезден Облак и ѕвездата Алфа Кентаур околу 4 светлосни години од соседниот комплекс G-облак
Месен Меѓуѕвезден Облак или ММО () — меѓуѕвезден облак со големина од околу 30 сг (9,2 пс) низ кој се движи Сончевиот Систем. Непознато е дали Сонцето се наоѓа во самиот Месен Меѓуѕвезден Облак, или во подрачјето каде Месниот Меѓуѕвезден Облак замодејствува со соседниот G-облак. Како G-облакот и други, ММО е дел од т.н. „многу месна меѓуѕвездена средина“ која почнува онаму каде завршуваат хелиосферата и меѓупланетарната средина — најдалечното место до кое имаат стасано сондите.
Структура Сончевиот Систем е сместен во структурата наречена Месен Меур, малогустинско подрачје на галактичката меѓуѕвездена средина. Во ова подрачје е Месниот Меѓуѕвезден Облак (ММО), каде подрачјето е малку побогато со водород. Се проценува дека Сончевиот Систем има невлезено во ММО во изминатите 10.000 години. Неизвесно е дали Сонцето сè уште е во ММО или има навлезено во преодната зона меѓу ММО и G-облакот. Со анализа е проценето дека Сонцето целосно ќе излезе од ММО за највеќе 1900 години.
Облакот има температура од приближно 7.000 K (6.730 °C), иста како површината на Сонцето. Меѓутоа, неговиот специфичен топлински капацитет е многу низок бидејќи не е многу густ (0,3 атоми/см3). Оваа густина е под просекот за меѓуѕвездената средина во Млечниот Пат (0,5/см3), иако шестпати погуста од гасот во врелиот и малогустински Месен Меур (0,05/см3) кој го опкружува месниот облак. За споредба, Земјината атмосфера на работ на вселената има 1,2 молекули на кубен сантиметар, кои се намалуваат на 50 милиони (5,0) на 450 км. Поради оваа слаба густина, подрачјето можеби подобро би се претставило како празнина отколку како облак.
Облакот тече нанадвор од здружението Скорпија-Кентаур, ѕвездено здружение кое е ѕвездородно подрачје, приближно нормално на правецот на самото Сонце, претпоставувајќи дводимензионалност.
Во 2019 г. истражувачите нашле меѓуѕвездено железо-60 (60Fe) на Антарктикот, кое го поврзуваат со Месниот Меѓуѕвезден Облак.
Содејство со Сончевото магнетно поле Во 2009 г. податоците од сондата „Војаџер 2“ покажале дека магнетната јачина на месната меѓуѕвездена средина е многу поголема отколку што се очекувало (370 до 550 пикотесли (pT), наспроти претходните проценки од 180 до 250 pT). Фактот што Месниот Меѓуѕвезден Облак е силно магнетизиран би го објаснил неговиот досегашен опстанок и покрај притисоците од ветровите кои го имаат оддувано Месниот Меур.
Потенцијалните ефекти на Месниот Меѓуѕвезден Облак врз Земјата во голема мера се намалени благодарение на сончевиот ветар и Сончевото магнетно поле. Ова заемодејство со хелиосферата се проучува од Истражувачот на меѓуѕвездените граници (IBEX), сателит на НАСА кој ги исцртува границите меѓу Сончевиот Систем и меѓуѕвездениот простор.
Поврзано Гулдов Појас Орионов Крак Персеев Крак
Наводи
Надворешни врски
Ветре од ѕвездите — NASA Science „Војаџер со меѓуѕвездено откритие“ — NASA Science Месен оџак и супермеури
Категорија:Меѓуѕвездена средина Категорија:Сончев Систем Категорија:Месен Меур