„Вечери во Медан“ (француски: „Les Soirées de Médan“) ― збирка од шест раскази од шест различни писатели поврзани со натурализмот, првпат објавена во 1880 година.Maupassant: Oeuvres de Maupassant, tome 1 : Contes et nouvelles, romans (Robert Laffont, 1988)Britannica.com Сите приказни се однесуваат на Француско-пруската војна. Содржината на книгата е како што следува:
Содржина
„Нападот на воденицата“ („L'Attaque du moulin“) од Емил Зола „Топка маст“ („Boule de Suif“) од Ги де Мопасан „Ранец“ („Sac au dos“) од Жорис-Карл Уисманс „Крвопролевање“ („La Saignée“) од Анри Сеар „Аферата на големата 7-ка“ („L'Affaire du Grand 7“) од Леон Аник „По битката“ („Après la bataille“) од Пол Алексис
Збирката го носи својот наслов од куќата на Зола во Медан, во близина на Париз, каде што писателите се среќавале на книжевни вечери. Авторите честопати биле нарекувани збирно како „Меданска група“. Целта на збирката била да ги промовира идеалите на натурализмот, со третирање на настаните од Француско-пруската војна на вистинит и често нејуначки начин, за разлика од службено одобрените патриотски погледи на војната.
Убедливо најпознатата приказна во збирката е „Топка маст“, која веднаш ја започнала кариерата на младиот Ги де Мопасан.
Приказната на Зола станала основа за истоимената опера од Алфред Бруно.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фикција за Француско-пруската војна Категорија:Фикциски антологии Категорија:Француски антологии Категорија:Антологии од 1880 година