thumb|right|220px|Логото на Труфит & Хил thumb|right|220px|Дуќанот во Лас Вегас thumb|right|200px|Крема за бричење од Труфит & Хил Труфит & Хил (англ. Truefitt & Hill) е најстарата берберница во светот. Фирмата е основана во 1805 од Вилијам Франсис Труфит. Труфит го ставил на себе звањето Фризер на Британскиот Кралски двор и ја добил првата Кралска Повластица од кралот Џорџ III. Во 1911, Едвин Хил отворил берберница на Олд Бонд Стрит, исто така близу кралските населби во Лондон и на оваа адреса се преселил Х.П. Труфит (внук на Вилијам) во 1935 и ја создал фирмата Труфит & Хил. другите регионални дуќани со тоа име се припоиле кон сегашната фирма во 1941. Денешната локација на Труфит & Хил на 71 Сент Џејмсес Стрит, Лондон била преземена во 1994. Покрај ова има локации на Мичигенската авенија во Чикаго, продавниците кај Цезаровиот форум во Лас Вегас и во Торонто, Канада.
Познати клиенти се британското кралско семејство, членови на кралски семејства во посета, деловни водачи, пратеници, амбасадори, дипломати и државници во посета. Денес Труфит & Хил сѐ уште имаат Кралска Повластица по назначување кон принцот Филип, војводата од Единбург.
Производи Труфит & Хил нудат разен тоалетен прибор за мажи како како креми и сапуни за бричење, лосиони, колонска вода, шампони и други производи за коса. Држат и секаков вид на декоративни шолји за бричење, четки од јазовец, бричеви и несесери.
Најпопуларни полни линии за бричење и парфемирање од фирмата се Trafalgar, 1805, Grafton and West Indian Limes. Линии на парфеми: Clubman, Freshman и колонските води Spanish Leather, а линии за бричење се Almond, Sandalwood, Rose и Lavender.
Наводи
Труфит & Хил - За нас Парфеми - Директориум за Труфит & Хил
Надворешни врски
Официјално мрежно место Мрежно место за САД и Северна Америка Критички осврт на производите
Категорија:Фризерство