Димитар Шарланџиев (, - неизвесно) — член на Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета).

Животопис Димитар Шарланџиев е роден на 6 октомври 1908 година во беласичкото село Горни Порој, денес во Грција. Тој е брат на Тодор Шарланџиев. Емигрирал во Бугарија и се населил во Горна Џумаја, каде под менторство на Арсо Поптодоров станал член на ВМРО (обединета). Станал член на Македонската национална студентска група „Гоце Делчев“, правен огранок на ВМРО (обединета) и бил уредник на нејзиното тело „Македонски студентски лист“.Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), МНИ, София, 2006, стр. 245. Бил уапсен од властите. МНСГ зазела македонски став и во јануари 1934 година, групата околу Васил Хаџикимов, кој заедно со Борис Михов го издавал весникот „Македонска борба“, се отцепила од неа. Од своите редови ги исклучува Васил Ивановски, Д. Танов, Коста Веселинов, Асен Чаракчиев и Димитар Шарланџиев со обвинување дека петтемина се придржуваат до „неоснованата теорија за македонската нација и националното угнетување во Пиринско“. Шарланџиев е член и на Македонскиот литературен кружок.Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), МНИ, София, 2006, стр. 296, 378-379.

Наводи

Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Дејци на ВМРО (Обединета) Категорија:Македонски револуционери Категорија:Починати во Софија