„Двајца“ (српски: Двоје) — филм на режисерот Александар Петровиќ од 1961 година. Петровиќ е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Беба Лончар, Миха Балох и Милош Жутиќ. Ова е првиот игран филм на Петровиќ, а претставува комбинација на драма и љубовен филм. Една година подоцна, филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал, а често се наведува како претходник на „црниот бран“ во југословенската кинематографија.Двоје (пристапено на 12.3.2023)

Синопсис Мирко (го игра Балох) случајно ја среќава Јована (ја игра Лончар) во која веднаш се заљубува, па продолжува упорно да ја бара. Потоа, тие се запознаваат и меѓу нив се раѓа љубов. Нивната врска трае една година, сè додека една вечер Јована се соочува со вистината дека Мирко не ја сака повеќе.

Наводи

Категорија:Српски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Љубовни филмови Категорија:Филмови на Авала филм Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1961 година Категорија:Филмови на Александар Петровиќ Категорија:Филмови со Милош Жутиќ Категорија:Филмови со Беба Лончар Категорија:Филмови со Миха Балох Категорија:Филмови со Нада Касапиќ