Ла Торбиера е парк во Италија. Се состои од област отворена за јавност, но и заштитена област за зачувување на дивиот свет. Основан е во Аграте Контурбија, Пиемонт, Италија во 1977 година со цел за да се зачуваат и проучучат некои животински видови кои се во опасност од изумирање.Francesca Monza – Fausto Barbagli, La scienza nei musei, Milano, Orme, 2006, p. 28.
Животна средина Ла Торбиера се наоѓа во граничната област меѓу долината По и Преалпите. Се одликува со блага, но влажна клима со многу мали езера. Затоа, ова е многу поволна средина за развој на тресет. Таа се создава прогресивно со акумулација на мртви делови зеленчук на дното на езерата. Во влажната почва, недостатокот на кислород ги спречува процесите на оксидација и целосното распаѓање на растенијата.
Остатоците зеленчук се трансформираат затоа што делумно стануваат тресет и се собираат на дното, со што постепено се намалува длабочината на сливот. На овој начин, растенијатата на брегот можат да се турнат кон внатре, намалувајќи ја, до нејзино пропаѓање, површината на водата. Паркот, кој се простира на површина од 40 хектари, им обезбедува засолниште на многу животински видови. Постојат околу 400 примероци од 130 видови диви животни, главно од регионот на Палеарктикот.
Галерија
Наводи
Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Паркови во Италија