Митрополитската катедрала Свети Петар (Сан Пјетро) (catedrèl ed San Pîr во Болоња) е главното и централно место за вршење на богослужба во градот Болоња. Таа претставува мајката црква на истоимената надбискупија. мини|Катедралата Свети Петар во Болоња Катедралата се наоѓа на улицата Виа Индипенденца, во срцето на историскиот центар на градот, недалеку од базиликата Сан Петронио и Свети Архигинасио.

Историја Првата црква била сместена надвор од некогашните ѕидини за која некои научници претпоставувале дека служела како еден вид на катедрала. Тогашната катедрала првично била посветена на светите Набор и Феликс и истата веројатно води потекло некаде од 4 век. Тогашната црквa била уништена во пожар кој се случил во 906 година. По пожарот била донесена одлука да се обнови катедралата со сосема нова изведбa во рамките на селенитските ѕидини, кои заштитувале само мал дел од остатоците на римската Бононија од насилните варварски упади. Градбата во близина на Портата Сан Касијано (подоцна наречена Порта Свети Петар и Павле) е сместена до ранохристијанската камбанарија во равенски стил и имала елипсовиден изглед во основата и кружна на самиот врв. Таа била дел од претходно постоечки култен комплекс веројатно од периодот на 6 век. Подоцна била вградена во останатот комплекс кој водел потекло некаде помеѓу X и XI век. Во делото кое го претставувало еден цртеж-релјеф изработен од Џулијано да Сангало кој се чува во Ватиканската библиотека, а се однесува на крстилницата која некогаш постоел во непосредна близина, јасно се гледало дека октагоналната планиметрија, со четири порти одговарала на кардиналните точки со четири апсиди. Тој изглед потполно се поклопувал со Крстилницата на Аријанците од градот Равена. Сето ова довело до претпоставката дека крстилницата и спиралната камбанарија (изградени на тој начин за да бидат ориентирани против дејството на ветровите што преовладувале во тој регион) биле дел од изгубениот комплекс посветен на култот на Аријанците идентичен со оној на градот Равена. Црквата вои тоа време била долга 57 метри. Пожарот кој избил на 1 август 1141 година ја оштетил толку многу што било препорачана нејзина целосна реконструкција. Работите за реконструкција и проширување му биле доверени на архитектот и Магистер Алберто. Новата катедрала била осветена од страна на папата Луциј III во 1184 година. Новата црква која била изградена од тули, била со должина од 70 метри, широка 26,80 метри и висока 23 метри. Била изведена и презентирана во типичен ломбардско-емилијански романски стил со трипартитна истакната фасада. Составена од три кораби со изострен лак. Корабите биле поставени врз полистилни столбови и вкупно три апсиди кои одговараат на трите кораби. Во истото тоа време камбанаријата била подигната од претходните 31 метар на 40 метри.

Во 1220 година, експертот Вентура (шампионски мајстор од Комо) започнал со изградба на нова мермерен порта од јужната страна на црквата, наречена портата на лавот. Леандро Алберти и Вазари биле воодушевени и восхитени од новата порта, толку многу што самиот Вазари, и покрај неговата добро позната аверзија кон средновековните дела, Изгледот на портата го опишал во второто издание на Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти. Во описот на Алберти било наведено дека влезот на портата била составен од два лава од секоја страна изработени од црвен мермер од кои пак се издигале две колони што завршувале со краен лак. Над влезот постојат два теламона од секоја страна на кои биле прикажани по еден млад човек и старец, седнати, но и наведнати, со рацете потпрени на нивните прекрстени нозе. Со таква поставеност тие ги потпирале искривените столбови кои завршувале врз наредниот лак. Христос бил извајан во делот на лунетата заедно со Свети Петар од десната страна и со Свети Павле од левата страна. мини|Камбанаријата на катедралата По уништувачките земјотреси кои предизвикале рушење на покривот на црквата во 1222 година и покривот на хорот во 1228 година, се поттикнале плановите со кои требало да се извршат нови реставрации.Таа задача му била доверена на мајсторот Тура. Сите потфати биле завршени во 1234 година. Во наредните години, Алберто го изградил прозорецот со роза над вратата од фасадата (1252), но и новиот висок олтар (1261). Новите големи базилики кои се граделе на почетокот, но и набрзо се завршувле во градот (Сан Доменико и Сан Франческо), била наметната потребата од зголемување на големината на катедралата. Такви потфати за проширувања биле изведени во наредните векови.

Во 1396 година на фасадата бил изграден висок трем (портик). На двапати истиот бил обновен и тоа помеѓу 1467 и 1500 година. Некаде околу 1477 година, сликарите Франческо дел Коса и Ерколе де Роберти работеле во капелата Гарганели. Нивниот циклус на фрески имал забележително влијание врз Николо дел'Арка и Микеланџело (добар дел биле оштетени или целосно отстранети во потфатот на обновата. Само еден фрагмент бил зачуван и тој се наоѓа во националната институција Пинакотека национале во Болоња).

По наредба на кардиналот Габриеле Палеоти, почнувајќи од 1575 година, градбата на катедралата била темелно реструктуирана особено од внатрешната страна, започнувајќи од делот на апсидата и хорот. Работите на почетокот му биле доверени на Доменико Тибалди, а потоа и на Пјетро Фиорини. Тие модифицирани измени биле толку интензивни и инвазивни што сводовите морале да се срушат во 1599 година. Доменико Тибалди бил под големо влијание на неговиот помлад брат Пелегрино, кој го презентирал реформскиот проект на црквата. Архитектурата (проектот) била елаборирана од страна на св. Карло Боромејски (1538-1584), првиот студент во градот, а подоцна и папски легат од 1560 до 1565 година. Тој период било времето додека бил во тимот на вице-легатот Пјер Донато Чези.

Во меѓувреме, во 1582 година црквата била издигната на ранг на „митрополитска црква“ (епископска столица со јурисдикција над епископите и епархиите на истата територија) од страна на папата Григориј XIII.

Катедралата конечно била обновена на почетокот на седумнаесеттиот век според проектот на Џовани Мазента и Николо Донати. Со новиот готски стил модифицирани се апсидата, сводовите (од вкрстени фарми), сводовите на пиластрите со нови изострени сводови кои биле типични за готсккиот стил. Потоа дел од страничните ѕидови биле изменети, но дел урнати за да се направи простор за капели и сацелуми. Со тоа целосно се изменила оригиналната романска иконографија. За време на изведбата била урната „лавовската врата“. Денес можеме да му се восхитуваме само на еден од теламоните со искривената колона. Исто така восхитувачка била и капелата на крстилницата на катедралата која води потекло од осумнаесеттиот век, но и двата лава кои се користеле како еден вид на столпчиња.

Внатрешноста дефинитивно и целосно била уредена помеѓу 1743 и 1747 година под раководство на архитектот Алфонсо Тореџиани, а по директна наредба на папата Бенедикт XIV и на поранешен архиепископ од Болоња. Во тој момент стариот трем бил урнат, потоа двете капели, кои се наоѓале од секоја страна и новата фасада. Во 1776 година Франческо Тадолини го реконструирал таканаречениот тимпанум кој се заканувал да падне. На крајот на 19 век, поради потребите за изградба на патот via Indipendenza, бил расчитен делот пред црквата. Во исто време просторот пред катедралата познато како „Плоштад Свети Петар“, или исто така „пјаца Дуомо“ засекогаш бил отстранет.

Опис

Надворешен изглед

лево|мини| Фасадата гледана одоздола Фасадата била типично со барокен стил, со истакната структура и градена со црвени тули и дополнета со мермерни украси. Таа била поделена на две ленти надредени со висок корниз. Долната лента била поделена на пет дела со коринтски пиластри помеѓу деловите. Страните се совпаѓале со страничните кораби, додека трите централни делови имаат вкупно три пооделни порти, од кои сите се завртени и се отвораат кон централниот кораб. Централната порта е поголема и надградена со дел наречен фронтон (преден дел) кој го содржи грбот на Бенедикт XIV. Грбот бил поддржан од две колони. Горната лента, од спротивната страна, имала голем прозорец во центарот, кој бил поделен со коринтски пиластри на три сектори. Во пределот на долната лента, на левата страна има огромна скулптура на Свети Петар изработена од страна на Агостино Корсини. На десната страна е поставена скулптурата на Свети Павле, изработена од Фламанецот Пјеро Вершаф. Втората скулптура била завршена околу 1750 година. Целовкупната надворешна фасада завршува со класичен триаголен фронтон.

Палео-христијанската камбанарија со неправилно заоблена основа и кружен врв никогаш не била урната. Денес сè уште е восхитувачка во споредба со другата која била изградена веднаш со неа. Повисока од црквата (вкупно околу 70 метри) со квадратна основа камбанаријата била ремек-дело на саграматура стилот ист како и оној на црквата. На висина од 40 метри, постојат три простории, од кои највисоката е осветлена со квадрифора од секоја страна како составен дел на камбанаријата. Градежните работи завршиле во 1227 година. Само дрвениот изострен краен врв кој бил обложен со олово, бил изграден во 1254 година. Обновен е со ѕидање и заменет стариот дрвен дел во 1426 година.Chiesa/Cattedrale/Monastero Cattedrale di San Pietro, Bologna - trivago.it Во камбанаријата се наоѓа најголемото ѕвоно, со 33 квинтали, на кое може да се свири „ала Болоњезе“, наречено „ла нона. Заедно со три други ѕвона се формира концерт од вкупно 65 квинтали. Високата големина резултирала со многу силен бран, особено во фазите наречени „бегство“ и „спуштање“. Звукот е толку силен, така што секој минувач кој минувал додека одѕвонуваат ѕвоната, останувал со отворена уста и со погледот вперен нагоре.

Ова се техничките податоци на камбаните:

Прво ѕвоно (или „Гроса“, или „Баба“ или „Големото ѕвоно“):

Музичка нота: Б2; дијаметар од 166,5 cm; изработувачи: Чезаре Верници (Болоња) и Јоханес Лампрехт (Скијафуса - Швајцарија); година на поставување:1595 година; тежина: околу 3000 кг.

Второ ѕвоно (наречено „Мезана“, или „Мезаноне“):

Музичка нота: Е3; дијаметар од 120,5 cm; изработувач: Пјетро Франческо Ценсори (Болоња); година на поставување:1623; тежина: околу 1300 кг.

Трето ѕвоно (наречено „Мезанела“):

Музичка нота: Fа#3; дијаметар: од 107 см; изработувач: Анџело Расори (Болоња); година на поставување:1789 година; тежина: околу 850 кг.

Четвртото ѕвоно (наречено „Мало“):

Музичка нота: G#3; дијаметар од 95,3 cm; изработувач: Анџело Расори (Болоња); година на поставување:1788; тежина: околу 570 кг.

Камбанарискиот звук е прилагоден на интонацијата позната како „шеста“ (со оглед на интервалот помеѓу најниската (најголемата) нота и највисоката (најмалата) нота. Тој интервал бил познат како „главна шеста“. Тој звук, во целата област на Болоња, бил со особена свеченост и строг ефект, типичен за големите базилички комплекси.

Величествениот комплекс ѕвона ,бил мајсторски поставен на цврст дрвен дел наречен замок од осумнаесеттиот век. Тој претставува најголем по големина во целиот град и целата надбискупија, како и меѓу оние кои припаѓаат на системот „Болоњезе“. Бронзените делови биле ограничени од било каков систем за електрификација, автоматизација или електронска репродукција. Нивниот звук се слуша така добро и силно, само благодарение на умешноста и стручноста на локалните мајстори-ѕвонари кои ги изработиле. Тие се најзаслужни што ѝ подариле глас на кулата за време додека се изведуваат главните свечености.

Внатрешен изглед

Централен кораб мини|Внатрешност на катедралата мини|Стопа