Таракчилар (, до 1927 г. Ταρακτσιλάρ, Таракцилар) — иселено село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на Кожанскиот Округ на областа Западна Македонија, Грција. Веќе подолго време се смета за дел од Димирџилер.

Географија Селото е сместено на јужните падини на планината Карталдаг, на надморска височина од 1.020 м. Лежи на 21 км на северозапад од Кожани, на 29,5 км југоисточно од Кајлари и на 3 км источно од Димирџилер.

Историја Селото традиционално било турско. На пописот од 1913 г. се води со 164 жители, сите Турци. Во 1918 г. по службена наредба престанало да биде самостојно и е припоено кон Демирџилер, иако продолжило да се попишува одделно. Во 1920 г. населението броело 211 жители. По иселувањето на Турците по сила на Лозанскиот договор, во 1923 г. во Таракчилар биле доведени грчки семејства од Мала Азија. Во 1928 г. нивниот број изнесувал 162 жители.

Таракчилар е напуштен на почетокот на 1970-тите, за во 1971 г. да се сведе на само 29 жители. Камените куќи се оставени на забот на времето, а се одржува само црквата „Св. Димитриј“. Во наредните пописи неговото население се вбројувало во склоп на Демирџилер, а во 2011 г. е попишано одделно како село без ниеден жител.«ΦΕΚ αποτελεσμάτων ΜΟΝΙΜΟΥ πληθυσμού απογραφής 2011», σελ. 10546 (σελ. 72 του pdf)

Население

Стопанство Во атарот на Таракчилар работат неколку сточарски фарми со кои стопанисуваат одгледувачи од Димирџилер. Населението традиционално одгледувало тутун, компири и други земјоделски производи.

Наводи

Категорија:Кожани