Даринка Пачемска Петреска (Берово, ноември 1946 - Скопје, февруари 2012) ― македонски историчар и универзитетски професор на Катедрата за историја при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Животопис Даринка Г. Пачемска Петреска била родена на 3 ноември 1946 година во Берово. Гимназија завршила во Струмица. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата за историја во 1970 година. Магистрирала на истиот факултет во 1976 година. Во академската 1997/98 година, таа била на студиски престој во Париз, Франција. Во 1987 година, таа докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје и се стекнала со научен степен доктор на историски науки. По дипломирањето на 1970 година, таа се вработила на Филозофскиот факултет во Скопје, каде ги поминала сите соработнички и наставнички звања: асистент, предавач, доцент, вонреден професор и од 1998 година редовен професор на Институтот за историја. Била раководител на Институтот за историја од 1999 до 2001 година и од 2001 година била раководител на последипломски студии, главен и одговорен уредникк на списанието „Историја“ (1996-2000), како и ментор на бројни дипломски работи, магистерски и докторски дисертации.
На 25 февруари 2012 година, таа починала додека била редовен професор на Филозофскиот факултет.
Библиографија Во нејзиното творештво се бави со методика на наставата по историја, Историјата на секојдневниот живот во Македонија и меѓувоениот период од историјата на Македонија, Балканот и Европа.
Нејзини научни статии се:
Атанас Раздолов и идејата за заедништвото на балканските народи, Списание Историја бр. 20-2, ЗИРМ, Скопје 1984 Бугарски револуционери во Македонското револуционерно и националноослободително движење во крајот на XIX век и првите децении на XX век, Зборник на ФЗФ 57, Скопје 2004
Дејноста на Петре Пирузе Мајски по заминувањето на ГШ и единиците на НОВМ од Дебарца до враќањето на Првата македонско-косовска ударна бригада (декември 1943 – мај 1944), Списание Историја бр. 29 1-2, ЗИРМ, Скопје 1993 Драматизација во наставата по историја (заедно со В. Ачкоска), Списание Историја бр. 40 1-2, ЗИРМ, Скопје 2004 Иницијалната (базичната) и перманентната обука на наставниците по историја во Република Македонија, Списание Историја бр. 36 1-2, ЗИРМ, Скопје 2000 Истражувањето како метод во современата настава по историја, Списание Историја бр. 39 1-2, ЗИРМ, Скопје 2003 Концепциите за остварување на македонската држава меѓу двете светски војни и конституирањето на АСНОМска Македонија како национална држава на македонскиот народ, Зборник на ФЗФ 58, Скопје 2005 Обид за обединување на сите сили во македонското национално-ослободителнот движење врз една прогресивна политичка платформа во 1924 година, Списание Историја бр. 14-1, ЗИРМ, Скопје 1978 Општествено политичката положба во Малешевијата од крајот на првата светска војна до 1921 година, Списание Историја бр. 28, ЗИРМ, Скопје 1992 Писмо од монах Кирил (Венцеслав Парѓоски) до Иницијативниот одбор за организирање на црковниот живот во Македонија од 25 февруари 1945 година, Списание Историја бр. 36 1-2, ЗИРМ, Скопје 2000 Политиката, идеологијата и македонската историографија 1944-1953 г., Зборник на ФЗФ 59, Скопје 2006 Сведоштва од претставниците на великосрпскиот режим за самоволијата и насилствата на српските контрачети во Брегалничката област во 1923-1924 година, Списание Историја бр.30 1-2, ЗИРМ, Скопје 1994 Улогата на напредните студенти во стручните здруженија на Филозофскиот факултет во Скопје во годините пред априлската војна (1938–1941), Списание Историја бр. 17-1, ЗИРМ, Скопје 1981 Француската напредна јавност против режимот на Шесто јануарската диктатура во Вардарска Македонија, Списание Историја бр. 16, ЗИРМ, Скопје 1980 Црковните прилики во Малешевијата меѓу двете светски војни, Списание Историја бр. 37 1-2, ЗИРМ, Скопје 2001
Наводи
Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски историчари Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје