Пандо Кљашев познат под псевдонимите Пандето, АристотелПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 75 и Амеба (29 септември 1882 - 31 јули 1907) — македонски револуционер, војвода и раководетел на Македонската револуционерна организација.
Рани години
Пандо Кљашев е роден на 29 септември 1882 година во револуционерното село Смрдеш, Костурско. Во своето село Кљашев учел до четврто одделение во егзархиско училиште, а потоа образованието го продолжил во Костур, Солун и во Битола, каде во учебната 1899-1900 г. завршил гимназија. Првото запознавање со Организација било во Солун во 1898-1899 г. Во тој период почнал да го гради сопствениот револуционерен идеал. За време на распустот го напуштил Солун и заминал за Битола каде го завршил последниот клас, имал среќа да учи од Даме Груев и Михаил Герџиков, кои тогаш биле учители во Битола. Првото дејствување на терен како агитатор на Организацијата го имал во родното село летото 1900 г. Во тој период веќе биле поставени темелите на МРО во Костурско Пандо, Кляшев. Освободителната борба в Костурско (спомени), 1925.
Револуционерна дејност мини|Костурските илинденски војводи: Пандо Кљашев и Коршонов со своите чети, Костур, 1898, фоографија на браќата Манаки (оштетена плоча) Во 1900-1901 г. Кљашев бил поставен за учител во с. Смрдеш, по што почнал активно да учествува во градењето и во ширењето на Организацијата. Во 1900 г. во овој реон била формирана и првата организациона чета на чело со војводата Коте Христов од с. Руља, со кого подоцна Кљашев и останатото костурско раководство биле во постојан конфликт поради неговиот разбојнички карактер и шпионската соработка со грчкиот костурски митрополит Каравангелис.
Зацвртснување на организацијата
Co појавата на четата, во која како четник бил вклучен и Митре Влаот, почнал нов период во дејствување на Организацијата. Ги убивале најозлогласените бегови, кои со години го тероризирале локалното македонско население и претставувале своевидна држава во држава во Костурско.
За кратко време биле убиени Касим-ага и Абедин-бег, како и селани-предавници, без разлика на која од двете цркви припаѓале. Овие настани го окуражиле населението кое масовно почнало да се вклучува во Организацијата, но тоа овозможило османлиската власт да дознае дека нешто се подготвува, по што почнале и провалите во Костурско.
Во овие дејства активно бил вклучен Пандо Кљашев. Покрај учителствувањето во родното село, истата учебна година тој ги обиколил речиси сите села во Костурско и на македонското население му ги објаснувал целите и идеите на МРО.
Како што кажал во своите спомени, Организацијата вистински навлегла меѓу населението во 1900 г:
Во потрага по Коте
мини|десно|300п|Васил Чекаларов и Пандо Кљашев
На почетокот на 1901 г., како резултат на нетрпеливоста и желбата за одмазда на Коте по неуспешниот обид да се убие, тој во Нестрамско (јужниот дел од Костурско), вооружено се пресметал со реонската чета на чело со новиот војвода Атанас Петров. Во судирот немало жртви, но тоа бил тежок удар за раководството во Костурско, по што тоа решило да се елиминираат и двете чети. Петров бил испратен во Битола, a Кљашев да преговара со Коте во неговиог реон (течението на Желевска Река).
По разговорот Коте ветил дека ќе ѝ се покори на Организацијата, но така не мислел и Кљашев, кој се обидувал да ги намамат него и неговата дружина во с. В'мбел и таму да ги ликвидираат.
Планот не му успеал. Летото 1901 г., Кљашев преминал во илегала и ѝ се предал на Организацијата и како дел од реонската чета постојано бил во контакт со населението од Костурско.
Во овој период, по препорака на Окружното раководство од Битола, почнало да се организира канал за снабдување со оружје од Грција на целиот Битолски револуционерен округ . Како резултат на оваа одлука од Бугарија бил испратен и Васил Чакаларов. Организацијата во Костурско првите удари од провалите ги почувствувала пролетта-летото 1901 г. Во период од неколку месеци се случиле две провали, кои негативно влијаеле на нејзиниот натамошен развој.
Афери
Во мај прво се случила Нурединовата афера, по која биле затворени поголем број организациони работници. Три месеци подоцна, кон крајот на јули, избила и Иванчовата провала поради предавствата на поранешниот четник Димитар Георгиев-Иванчо, при што биле уапсени околу 100 членови на МРО од Костурско.
Од првиот момент од оваа афера, Кљашев, Чакаларов, Москов, Петров, Митре Влашето и други четници неколкупати се обидувале да постават заседи, со цел да го убијат Иванчо, но не успевале.
На почетокот на август Кљашев и Чакаларов заминале за Битола на консултации со Окружното раководство за новонастаната ситуација во нивниот реон и за каналот за оружје од Грција.
По враќањето продолжиле неуспешните обиди за ликвидација на предавникот, а неможноста да се убие Иванчо и паднатиот морал на населението поради тоа го принудиле Кљашев во септември повторно да оди во Битола .
Од тамошното раководство побарал терорист за да завршат со Иванчо. По провалите раководителите се зафатиле со реорганизација, биле казнети неколку предавници, им било наредено на селата да се ослободат од падарите, кои по два месеца морале да ги напуштат селата. Се формирало ново раководно тело на чело со Кљашев, Чакаларов, Лазар Москов, Кузо Стефов и Михаил Николов со рамноправност во одлучувањето.
Делчев во Костурско
На почетокот на декември 1901 г. во Костурско пристигнал Гоце Делчев каде останал месец и пол. Првата средба меѓу костурчани и Гоце се случила во с. Кономлади, а Кљашев во спомените за овој настан кажал:
мини|десно|180п|Гоце Делчев
Додека Делчев бил таму, Организацијата се препородила, се заборавило на провалите од летото. Последниот состанок меѓу костурското раководство и Гоце Делчев се одржал кон средината на јануари 1902 г. во с. Загорични, по што било одлучено четата да се подели на два дела, едната да ја води Митре Влашето во Корештата, а за раководители на подреонот биле назначени Москов и Чакаларов, втората под водство на Петров во Пополе, за раководители во тој подреон биле назначени Кљашев и Кузо Стефов.
Според Кљашев, улогата на раководителите била да ги упатуваат четите и да им даваат работа.
Во наредниот период Кљашев продолжил со организаторската работа најчесто наоѓајќи се во селата Загоричани, Апоскеп и Жупаништа, последното особено значајно поради местоположбата во пренесувањето оружје од Грција. Кљашев во с. Шестево имал прв вооружен судир со османлискиот аскер, кој се случило ноќта меѓу 11 и 12 февруари 1902 г., се извлекол неповреден, но биле убиени Кузо Стефов, селската учителка, еден четник и двајца од селската милиција. За време на престојот во Грција, Чакаларов разбрал за врските меѓу Коте и Каравангелис и по враќањето во Костурско тоа го споделил со другите, кои прво биле скептични, а потоа се увериле дека е вистина, како што во спомените кажал Кљашев.
По Битката кај с. Шестово имало ново распределување на раководителите во реонот, Кљашев и Чакаларов се упатиле во Корештата, каде во с. Поздивишта ги убиле соработниците на Каравангелис, поп Илија и Георги Ѓамчето, додека Москов и Митре Влашето заминале за областа Пополе. Друга битка со аскерот, во која учествувал Кљашев, имало на 19 мај истата година во с. Трсје, Леринско. Покрај костурската чета на чело со Чакаларов и Кљашев во овој судир учествувала и четата на леринскиот војвода Марко. Здружените чети имале околу 50 четници и без жртви успеале да се извлечат од селото, но околу 120 селани биле однесени во Лерин, a 90 пушки му биле предадени на аскерот.
На 20 јули Кљашев заминал за Битола за да го консултира Окружното раководство т.е. Атанас Лозанчев, како да се однесуваат костурчани доколку леринската афера, која била во тек, се префрли на нивен терен, a се интересирал и дали е на повидок востанието. По враќањето од Битола, Кљашев се сретнал со Чакаларов и со Москов и им најавил дека востанието се ближи, па решиле дека е најдобро во секое село од подобрите работници да се формираат чети на чело со селски војвода. Оваа одлука прво ја спроведеле во с. Вишени, a такви чети се формирале и во другите села. Голем удар за Организацијата во Костурско претставувало убиството на Лазар Москов на 3 август 1902 г. во судирот со аскерот токму во с. Вишени.
Борба против врховистите
мини|десно|180п|Васил Чакаларов
Во септември 1902 г, костурското раководство се нашло пред нов предизвик, во нивниот реон од Бугарија дошол полковникот Јанков, родум од с. Загоричани, со чета испратена од Врховниот комитет да крева востание .
Тоа требало да биде синхронизирано со т.н. Горноџумајско востание. Најзаслужни што оваа акција имала поинаков тек и со ограничени размери, биле Пандо Кљашев и Васил Чакаларов. Двајцата постојано вршеле контраагитација по селата кои ги посетувал Јанков, им објаснувале на селаните дека ќе има востание, но не кога сака Бугарија и Цончев, туку кога за тоа ќе се подготви македонскиот народ и кога ќе одлучи Организацијата.
Нетрпеливоста постојано растела, Јанков за да го придобие населението зборувал се и сешто, дека откако ќе избиело востанието руските генерали и Цончев ќе ја поведат бугарската војска, Организацијата ја нарекувал со најразлични погрдни имиња, а нејзините раководители коцкари. Чакаларов тоа не можел да го поднесе, ситуацијата кулминирала и бил можен вооружен конфликт.
Кљашев во спомените кажал:
Јанков си заминал, во Костурско оставил раздвижена војска која вршела претреси по судирите со неговите четници, паднал моралот меѓу населението поради раздорот кој го направил, неговата дружба со Коте и стационирањето на војската во неколку села со цел да ги собере пушките и уништи Организацијата.
На овој начин биле блокирани главните пунктови и не било можно движењето на четите. Зимата 1902-1903 г. поради честите претреси на војската и опаднатиот морал на селаните, Кљашев и Чакаларов решиле да се разделат, првиот заминал во Смрдеш и покрај присуството на војската, а Чакаларов во Д’мбени.
Оваа одлука ја донеле поради суровата зима, можните предавства и потребното време за да стивне малку вревета, која изминатата есен ја кренал Јанков. Сепак, пролетта донела крупни промени, во јануари во Солун била донесена одлука за кревање востание, а веста брзо се ширела.
Војската уморна од постојаните претреси и неможноста да открие нешто позначајно поради доброто држење на населението, почнала да се повлекува.
Подготовки за востание
Кљашев повторно излегол на терен, со што вербата на населението кон Организацијата се враќала, биле казнети и неколку селани поради нивната предавничка улога. Подготовките за востанието веќе биле во тек, на 16 февруари во с. Апоскеп се собрале раководителите на Костурско за да се консултираат за задачите кои треба да се преземат и да ги испланираат акциите од првиот ден на востанието.
Дека Организацијата навистина се подготвувала за востание населението се уверило со доаѓањето на Борис Сарафов во март, во Костурско. Во април, Сарафов, Кљашев и Чакаларов се упатиле кон Смилево на Конгрес, на кој дефинитивно требало да се одлучи дали и кога ќе се крева востанието. На Конгресот во Смилево, кој се одржал од 2 до 7 мај, од Костурско претставници биле Кљашев и Чакаларов. На првите состаноци во Смилево се воделе жестоки расправи дали одлуката за кревање востание е правилна или не е. Најгласен за кревање на востанието бил Чакаларов, а најголем противник бил Петар Ацев, претставник од прилепскиот реон. Ресенскиот војвода Славејко Арсов во спомените вака го опишал ставот на костурчани за востанието:
Конгресот одлучил дека ќе има востание, за тоа големо влијание имал Груев. До почетокот на востанието Кљашев постојно се движел, агитирал и го подготвувал населението за настаните кои следеле. Населението се учело да пука, се изведувале маневри, забрзано се набавувало оружје и се складирало храна, четниците се советувале за начинот на војување итн.