Таиво Мајкл Авонији (роден на 12 август 1997 година, во Илорин) — нигериски фудбалер, на и на нигериската репрезентација.
Технички карактеристики Класичен напаѓач со одлична техника и добра креативност, вешт пред се во контрола на топката.Taiwo Awoniyi: Profiling Liverpool’s new Nigerian forward signing thisisanfield.com Поради неговите карактеристики често е споредуван со Рашиди Јекини.
Клупска кариера Рана кариера Во 2010 година, Авонији бил избран за најкорисен играч на Кока-Кола фудбалското натпреварување во Лондон. Неговиот настап на натпреварувањето бил забележан од Сеји Олофинџана кој го поканил да се приклучи во Империјал Сокер Академи академијата.
Ливерпул На 31 август 2015 година, Авонији потпишал за англискиот гигант Ливерпул за сума од околу 400.000 фунти, но веднаш бил позајмен на германскиот клуб ФШФ Франкфурт.
Заеми во ФШФ Франкфурт и НЕК Авонији го направил своето деби за клубот од Франкфурт, влегувајќи како доцна замена во натпревар од Купот на Германија против Херта Берлин. Откако претходно бил неискористена замена во шест првенствени натпревари, тој го имал своето деби во Втората Бундеслига на 19 февруари 2016 година, играјќи 89 минути против Сент Паули. Од тој момент, неговите учества во натпреварите на ФШФ Франкфурт во лигата станале пракса и тој се појавил во секој еден натпревар на клубот до крајот на сезоната. На 18 март 2016, Авонији го постигнал својот прв гол во професионалната клупска кариера во ремито 2-2 на гостувањето кај Хајденхајм. Сепак, Франкфурт претрпел испаѓање од Втората Бундеслига на крајот од сезоната, а Авонији се вратил во Ливерпул.
На 26 август 2016 година, тој заминал на нова позајмица, овојпат во холандскиот тим НЕК. На 10 септември, тој го направил своето деби во Ередевиси во поразот со 40 од ПСВ Ајндховен, натпревар во кој започнал од почетокот и бил заменет во 72-рата минута од Мајкл Хајнлот. Иако тој го променил клубот во текот на летото, сепак среќата на нигериецот не се сменила и тој со НЕК го претрпел своето второ последователно испаѓање, откако клубот загубил во плејофот за опстанок во Ередивиси во 2017 година.
Заеми во Мускрон и Гент
Во јули 2017 година, Авонији го напушти НЕК и му се приклучил на белгискиот клуб Ројал Ексел Мускрон на позајмица од една сезона; своето деби го имал на 12 август против Локерен, постигнувајќи го својот прв гол за клубот во 22-рата минута. Во Белгија, тој конечно успеал да пронајде поголема минутажа и повеќе простор за играње, забележувајќи 27 првенствени настапи и 7 голови, вклучително и двата против во поразот со 4-3. Во последниот свој одигран натпревар во дресот на Мускрон против Локерен, тој добил директен црвен картон.
На 17 јули 2018 година, Авонији потпишал нов долгорочен договор со Ливерпул, пред на 23 јули да се врати во Белгија каде бил потпишан на уште една сезона на заем од друг белгиски клуб, Гент. Сепак, откако во Гент работи не се одвивале онака како што Авонији посакувал, неговата позајмица била прекината и на 11 јануари 2019, тој бил повторно позајмен во Мускрон каде се вратил после шест месеци. Во Мускрон тој брзо се вратил во форма, постигнувајќи 7 гола на 9 натпревари, вклучително и оној во победата со 2-1 на гостувањето кај неговиот довчерашен клуб Гент. Во април 2019, тој изјавил дека неговата борба да добие работна дозвола од Обединетото Кралство може да ја заврши неговата кариера во Ливерпул.
Заемот во Мајнц На 6 август 2019 година, Ливерпул го пратил Авонији на шестта позајмица, овојпат во Бундеслигата на Германија, во екипата на Мајнц 05. Своето деби во Бундеслигата го направил во првото коло од сезоната 2019-2020, во поразот со 3-0 на гостувањето кај Фрајбург, заменувајќи го Едимилсон Фернандес во 86-тата минута. Тешко доаѓајќи до минути на теренот за Мајнц, Авонији сепак успеал да постигне еден погодок за клубот, правејќи го тоа на 17 мај 2020 против Келн, во првиот натпревар на Мајнц по паузата во првенството предизвикана од пандемијата на КОВИД-19. Во јуни 2020 година, тој бил хоспитализиран откако доби тежок потрес на мозокот за време на поразот со 1-0 од Аугсбург.
Унион Берлин На 19 септември 2020 година, Авонији бил позајмен повторно во Бундеслигата, во екипата на Унион Берлин. Дебитирал за Унион Берлин на 26 септември против Борусија Менхенгладбах, а првиот гол го постигнал во победата со 2-1 над Келн на 22 ноември 2020. Неговиот најплоден месец за сезоната бил декември 2020, во кој постигнал 3 гола (во градското дерби против Херта, потоа против Штутгарт и Борусија Дортмунд) во 4 натпревари, неуспевајќи единствено да ја погоди мрежата на шампионот Бајерн Минхен. Во првиот натпревар од 2021 година, тој продолжил со одличната форма постигнувајќи погодок и асистирајќи за голот на неговиот партнер во нападот, Шералдо Бекер, во победата со 2-0 на гостувањето кај Вердер Бремен. Иако во втората половина од сезоната, тој пропушил многу натпревари поради мускулна повреда, сепак неговите перформанси во првиот дел биле доволно добри за клубот од главниот град да го откупи од Ливерпул.
На 20 јули 2021 година, Авонији дефинитивно станал играч на Унион Берлин, приклучувајќи му се на клубот на трајна основа. За неговите услуги Унион Берлин му платил 6,5 милиони фунти на Ливерпул, кои исто така требало да добијат и 10% од неговата следна продажба. Сезоната 2021-2022, била најдобрата за Авонији во неговата кариера, откако нигерискиот напаѓач постигнал 15 првенствени гола во Бундеслигата кои го направиле шестти најдобар стрелец во првенството. Со својте голови, тој му помогнал на клубот да заврши на петтото место на табелата во првенството, што бил највисокиот пласман на Унион Берлин во историјата на клубот. Со својте голови тој срушил неколку клупски рекорди, а еден од оние кои сè уште ги држи во своја сопственост е тој да е најдобриот стрелец на Унион Берлин кога се во прашање само настапите во Бундеслигата со 20 постигнати голови.
Нотингем Форест На 25 јуни 2022 година, Авонији потпишал петгодишен договор со новопромовираниот тим во Премиер лигата на Англија, Нотингем Форест. Платената сума за трансфер била клупски рекорд за Форест и изнесувала 17 милиони фунти. На 14 август 2022 година, тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во победата со 1–0 на домашен терен над Вест Хем Јунајтед. На 22 октомври 2022 година, тој постигнал уште еден победнички гол, во успехот на домашен терен со 1–0 против неговиот поранешен клуб . Кон крајот на сезоната, тој постигнал шест гола во четири натпревари, вклучувајќи го и победничкиот погодок во победата од 1–0 на домашен терен над Арсенал на 20 мај 2023 година, која на шумарите им го загарантирала статусот во Премиер лигата и за следната сезона. Првата сезона во дресот на Нотингем Форест ја завршил со 30 настапи и 11 постигнати голови комбинирано во првенството и Лига купот.
Својата одлична форма од претходната сезона, Авонији ја пренел и во сезоната 2023-2024, започнувајќи ја со гол на гостувањето кај Арсенал на Емирати во поразот на неговата екипа со 2-1. На 18 август 2023 година, со голот против Шефилд Јунајтед во победата на домашен терен со 2-1, Авонији станал првиот играч на Форест кој постигнал гол во шест последователни натпревари во Премиер лигата од Стен Колимор во периодот март-април 1995 година. Неговата серија продолжила и во следното коло кога после само две минути игра тој го довел Форест во водство (0-1) на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед, но на крајот неговиот тим бил поразен со 3-2.
Репрезентативна кариера Авонији ја претставувал нигеријската репрезентација на Светското првенство за играчи под 17 години 2013, кое нигеријците го освоиле, а тој постигнал четири гола за време на натпреварувањето.
Тој, исто така, ја претставувал нигеријската репрезентација на Светското првенство за играчи под 20 години 2015 во Нов Зеланд, откако бил дел од репрезентацијата која го освоила Африканското првенство во Сенегал претходно истата година.
На 12 април 2015 година, тој постигнал два гола на своето деби за Олимписката репрезентација на Нигерија во натпревар против Замбија. Потоа, тој бил избран во провизорниот список од 35 играчи за Летните олимписки игри 2016, но не се нашол на конечниот список па не можел да настапи на турнирот во Бразил.
Кон крајот на 2021 година, тој добил повик од селекторот Гернот Рор да ја претставува Нигерија на сениорско ниво во Квалификациите за Светско првенство 2022; своето деби го направил во поразот со 1-0 од Централноафриканската Република. Потоа, Авонији бил избран да ја претставува Нигерија на Африканскиот куп на нации 2021, каде што имал голема минутажа и го предводел нападот на Нигерија во текот на целиот турнир. Неговиот единствен гол за време на турнирот дошол во победата од 3-1 во групната фаза против Судан.
Хронологија на репрезентативните настапи
Наводи
Надворешни врски
Таиво Авонији на soccerway Таиво Авонији на transfermarkt Таиво Авонији на eurosport Таиво Авонији на whosocred
Категорија:Живи луѓе Категорија:Нигериски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Гент Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Фудбалери на ФК Унион Берлин Категорија:Фудбалери на ФК Нотингем Форест Категорија:Фудбалери на ФК Ковентри Сити Категорија:Родени во 1997 година