мини|десно|300п|Поглед на Бислимската Клисура { "type": "FeatureCollection", "features": [
"type": "Feature", "properties": { "marker-symbol": "", "marker-size": "small", "marker-color": "#FF0000" }, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 21.7783356, 42.0821078 ]
},
"type": "Feature", "properties": { "marker-symbol": "", "marker-size": "small", "marker-color": "#00CC00" }, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 21.7631006, 42.0466794 ]
] }
Бислимска Клисура — кратка епигенетска клисура во средното течение на реката Пчиња. Се протега јужно од градот Куманово, меѓу вливот на Кумановска Река во Пчиња и селото Пчиња во должина од 6,5 километри.Подземни карстни форми во Бислимска Клисура. Географски разгледи кн. 34. Андоновски Т., Милевски И., Скопје, 1999
Во клисурата има неколку изразити вклештени меандри.
Местоположба
Клисурата е сместена помеѓу кумановските села Пчиња и Доброшане, односно историското село Бислим, чиј атар го презело денешното село Доброшане.
Пристап
До клисурата може да се дојде преку асфалтен пат од градот Куманово и до двете села, но патеките за движење низ клисурата започнуваат од селото Пчиња. Кај последните куќи во селото Пчиња се наоѓа и порта, која го одбележува влезот во клисурата.
Особености
Всечена е во варовнички карпи со јурска старост, меѓу ридовите Краста (534 м.), од десната страна и Кукуљатица (722 м.), од левата страна. Има стрмни страни, на одредени места речиси вертикални, така што на некои места наликува на кањон.
Покрај пештерите и пропастите, овде релјефот е многу интересен, со бројни шкрапи, вртачи, суводолици, раседи и сл. Во Бислимската Клисура има разновиден растителен и животински свет (лилјаци, соколи, орли, влекачи — особено поскоци и други).
Пештери
Во клисурата се наоѓаат десетина пештери и пропасти, долги до 90 метри. Најдолга пештера е Студен Пештер (90 м.), а најдлабока пропаст е Маркова Куќа, длабока околу 40 метри. Со својот пештерски накит, најинтересна е Лишков Пештер, во јужниот дел на клисурата (2 километри спротиводно од селото Пчиња).
Историја
Во средишниот дел на клисурата и во пештерите има остатоци од антички градби, веројатно од римскиот период.
Заштитено подрачје
По сите свои одлики, Бислимската Клисура заслужува да биде заштитено подрачје, особено имајќи предвид дека е се наоѓа мошне близу до градот Куманово. Сепак таа е доста деградирана од загадените води на Пчиња, кои доаѓаат од Куманово.
Галерија
Поврзано Пчиња Студен Пештер Лишков Пештер Краста Голиќ Пештери во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Уживајте во патешествието по интересната Бислимска Клисура кај Куманово — мошне опширен напис за клисурата од д-р Ивица Милевски на порталот „ИГЕО“ Бислимска клисура Мала клисура со големи тајни Дарко Оносимоски www.fakulteti.mk
Категорија:Клисури во Македонија Категорија:Пчиња (река) Категорија:Географија на Куманово