Срница () — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Срница во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 3.511 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот се наоѓа планинско подрачје помеѓу ридот Д’браш и Велијчко-Виденичкиот дел во Западните Родопи. Во непосредна близина тече реката Доспат која се влева во истоимената акумулација „Доспат“.

Градот се наоѓа на 46 километри од Велинград, 90 километри од регионалниот центар Пазарџик и 180 километри од главниот град Софија.

Историја Населбата била основана во 1860 година. Првиот доселеник бил овчарот Шабан, а скоро еден век населбата го носела неговото име - Шабанлии. Доселениците главно биле од Доспат, кој денес се наоѓа на спротивниот брег на браната. Во 1975 година, селата и населбите Шабанлии, Крушата, Петелци, Брдуче и Орлино биле обединети под името Срница. Од 1950-тите до 1987 година, Срница била општина речиси 40 години, вклучувајќи ги и селата Срница, Ново Маало (Медени Полјани) и Побит Кам’к. Жителите на околината изразуваат желба за обновување на општината, која беше поново формирана во 2015 година. Од 16 септември 2003 година Срница има статут на град.Решение № 641 от 12 септември 2003 г. Обн. ДВ. бр. 82 от 16 септември 2003 г..

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Срница

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Пазарџик