Пат на свилата во планините Тјеншан, или Патна мрежа на коридорот Чанган-Тјеншан — светско наследство на УНЕСКО што го зафаќа делот Чанган-Тјеншан од древниот пат на свилата и историските места долж трасата. На 22 јуни 2014 година, УНЕСКО го одреди делот од 5.000 километри на Патот на свилата од Средна Кина до област Џетису во Средна Азија како светско наследство. Коридорот се протега низ Кина, Казахстан и Киргистан и вклучува 33 нови места и неколку претходно впишани места во светското наследство.

Историја Во 1988 година, УНЕСКО ја започнал студијата за патот на свилата за да го поттикне разбирањето на културната дифузија низ Евроазија и заштитата на културното наследство. Во август 2006 година, УНЕСКО и Државната управа за културно наследство на Народна Република Кина соспонзорирале конференција во Турпан, Шјиинџјианг за усогласување на поднесоците за прогласување на Патот на свилата за светско наследство. На оваа конференција, Кина и пет средноазиски републики, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Туркменистан, се согласиле да поднесат заедничко барање во 2010 година. Во 2009 година, шест земји основале усогласувачки одбор за подготовка на заеднички поднесок.

На 28 март 2008 година, Кина доставила до УНЕСКО рамковен список од 48 локации на Патот на свилата кои треба да се сметаат за места на културно наследство. Овие градови беа поделени на копнени области на патот на свилата во покраините Хенан, Шеншји, Чјингхаи и Гансу, Автономната Покраина Нингшја Хуи и Автономната Покраин Шјинџјианг Ујгур и поморските градови на патот на свилата Нингбо, покраината Џеџјианг и Гуангџоу, покраина Фуџјиан. На 2 мај 2008 година, Иран поднел рамковен список на области на Патот на свилата во провинцијата Хорасан. На 3 јануари 2010 година, Туркменистан поднел список од 29 места долж 11 делови од Патот на свилата. На 20 јануари 2010 година, Индија поднела рамковен список на места на Патот на свилата поделен на 12 компоненти. На 19 февруари 2010 година, Киргистан поднел список од шест места, а Узбекистан список од 18 места. Казахстанскиот рамковен список бил поднесен на 3 мај 2012.

На крајот на 2011 година, УНЕСКО предложил, заради големиот обем на проектот „Патот на свилата“, барањето да се подели на коридори. Во декември 2011 година, Кина, Казахстан и Киргистан се согласиле заеднички да бараат за еден коридор од Средна Кина преку планините Тјеншан, и секоја земја назначила по еден владин службеник, еден археолог и национален одбор за пријавување. Таџикистан, Узбекистан и Туркменистан биле подготвени да поднесат барање за уште еден коридор. Во 2013 година, Киргистан ја завршил пријавата и поднел барање за коридорот Чанган-Тјеншан. Содржел 22 места во Кина, 8 места во Казахстан и 3 места во Киргистан. Секоја земја-членка на УНЕСКО може да поднесе по едно барање годишно, а Кина веќе поднела барање за Големиот канал. Првичните места предложени од Кина се значително изменети за ова барање. Местата во автономната покраина Нингшја Хуи и местата поврзани со поморскиот пат на свилата се извадени од барањето. Кинеските организатори рекле дека повеќе градови кои не се вклучени во барањето може да бидат предложени во иднина.

На 22 јуни 2014 година, на 38 заседание на Одборот за светско наследство во Доха во Катар било одобрено барањето за коридорот Чанган-Тјеншан.

Места Коридорот на патот на свилата Чанган-Тјеншан, одобрен од Одборот за светско наследство во јуни 2014 година како подрачје бр. 1442, се состои од 33 новоодредени места во Кина, Казахстан и Киргистан. Областите вклучуваат престолнини и комплекси дворци на различни царства и кралства, трговски населби, будистички пештерски храмови, древни патишта, поштенски станици, планински премини, светилници, делови од Кинескиот ѕид, тврдини, гробници и верски објекти.UNESCO World Heritage Sites, "Silk Roads: the Routes Network of Chang'an-Tianshan Corridor" Accessed 2014-06-23 Вкупно 33-те места зафаќаат површина од 42.668,16 ха и имаат тампон-зона од 189.963,13 ха.

ИКОМОС ја проценил соодветноста за впишување во списокот на светското наследство и ги категоризирал местата во четири региони долж Патот на свилата:ICOMOS report to the World Heritage Committee 38th ordinary session: 2014 Evaluations of Nominations of Cultural and Mixed Properties to the World Heritage List June 2014

1. Средна Кина - древни царски престолнини во Средишните и Гуангдонг Рамнините на Кина.

мини| Комплексот на пештерскиот храм Маиџишан

Град Луојанг од династија Источен Хан до Северен Веи, Луојанг, покраина Хенан Порта Дингдинг, место Луојанг од династиите Суи и Танг, Луојанг Превој Хангу, округ Шjинан, Хенан Делница Шихао од патот Шјиаохан, Санменшја, Хенан Дворец Веијанг, Шјиан, Дворец Даминг, Шјиан Џиновска пагода на диви гуски, Шјиан Мала пагода на диви гуски, Шјиан Храмот Шјинџјиао, Шјиан Бин пештерски храм, округ Бин, Шеншји Гробот на Џанг Чјиан, округ Ченгу, Шеншји Комплексот на храмот во пештерата Маиџјишан, Тианшуи, Гансу

мини| Пештерскиот харм Бинглинг 2. Коридор Хеши во покраината Гансу што ги поврзува Кина и Шјинџјианг

Пештерски храм Бинглинг, Јонгџанг Превој Јумен, Дунхуанг Пошта Шуанчуанџји, Дунхуанг Урнатини на градот Суојанг, Гуаџоу

3. Северно и јужно од планините Тјеншан во Шјинџјианг, Кина

Урнатини на градот Чјочо (Гаочанг), Турпан Урнатини на Џјаохе, Турпан Урнатини на Бешбалик (Бејтинг), Џимсар Светилник Кизил Гаха, Куча Јаме Кизил, Куча Урнатини на будистичкиот храм Субаш, Куча

4. Регион Џетису во долините Или и Талас во Казахстан и долината Чуј во Киргистан:

Наоѓалиште Кајалик, регион Алмати, Казахстан Карамерген, регион Алмати, Казахстан Талгар, регион Алмати, Казахстан Актобе, област Џамбил, Казахстан Кулан, област Џамбил, Казахстан Акиртас, област Џамбил, Казахстан Орнек, регионот Џамбил, Казахстан Костобе, регионот Џамбил, Казахстан Место Суџаб (наоѓалиште Ак-Бешим), регион Чуј, Киргистан Град Баласагун (наоѓалиште Бурана), регион Чуј, Киргистан Град Невакет (наоѓалиште Краснаја Речка), регион Чуј, Киргистан

Други места во коридорот Чанган-Тјеншан ги вклучуваат пештерите Могао во Дунхуанг, кои веќе биле запишани на списокот на светско наследство во 1987 година и пештерите Лонгмен во Луојанг, кои веќе биле запишани на списокот на светско наследство во 2000 година.

Наводи

Надворешни врски Патишта на свилата: мрежата на правци на коридорот Чанган-Тјеншан на веб-страницата на Центарот за светско наследство на УНЕСКО

Категорија:Светско наследство во Киргистан Категорија:Светско наследство во Казахстан Категорија:Светско наследство во Кина Категорија:Координати на Википодатоците