Червен Брјаг () — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Червен Брјаг во Плевенската Област. Има население од околу 12.705 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Червен Брјаг се наоѓа на границата меѓу Предбалканот и централниот дел на Дунавската Рамнина, на десниот брег на реката Искар и нејзината притока реката Златна Панега.

Градот се наоѓа на 55 километри од регионалниот центар Плевен и 137 километри од главниот град Софија.

Историја Червен Брјаг за прв пат бил спомнат во османлискиот даночен регистар од 1430 година. Во средината на 16 век во османлиските документи бил заведен како село Доброл’к, тимар на казата Мраморница. Во крајот на 16 век бил вклучен во регистарот на војнуци како село Червен Брјаг во Никополскиот санџак. Името на населбата доаѓа од црвеникавата глина ископана во нејзина близина.

Модерниот град бил основан во 1899 година од Иво Попович и Марко Марков, на 3 километри западно од селото како станица на железничката линија Софија — Варна во изградба, а во следните години таа станала жив пазар за житарки, домашни животни, кожурци и други земјоделски производи. Со Указ бр. 402 на премиерот Андреј Љапчев од 26 јуни 1929 година, станицата Червен Брјаг добила статус на град. Тогаш нему му се придружило старото село Червен Брјаг, денес 5-то маало — Источна зона.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Червен Брјаг

Категорија:Червен Брјаг Категорија:Населени места во областа Плевен Категорија:Градови во Бугарија