НУ Турски театар — Скопје — театар на народности во Скопје основан во 1950 година.
Историја
мини|300п|десно|Стариот и новиот Турски театар, од 1910-те години.
Со решение на Извршниот одбор на градскиот народен одбор на Скопје, во втората половина на декември 1949 година донесе решение за почеток со рабора на Малцинскиот театар со што се крунисаа напорите на немнозинските заедници за свој театар. Прв директор на театарот бил Абдуш Хусеин. Турската група ја прикажа својата прва премиера на 8 јули 1950 година, претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ беше во режија на Абдуш Хусеин, и постига голем успех. Се редеа премиерни изведби, а колективот на Турскиот театар се збогатуваше со искуства. Младите артисти-ентузијасти се повеќе израснуваа во вистински уметници на сцената. Вомедиумите се повеќе се известуваше за постигнувањата на овој млад, но полетен колектив. Турскиот театар на својата сцена презентираше извонредни театарски остварувања, и врвни театарски креации кој ја освојуаа публиката. Турскиот театар соработувал со многу режисери од Македонија, Турција и од странство, како и со познатиот турски актер и режисер Јуџел Ертен. Благодарение на разновидниот и квалитетен репертоар Турскиот театар стекнуваше се побројна и редовна публика. За културното зближување на народите важни се и гостувањата што беа организирани во многу држави, Признанијата кои Турскиот театар ги доби низ годините од компетентни македонски и светски театарски жири комисии, како и од критиката навистина се бројни и ласкави. Турскиот театар е добитник на бројни награди и признанија за претстави на реномирани домашни и меѓународни фестивали. Добитник е и на државните награди и признанија "11-октомври", "13-ноември" и "Орден за Заслуги за Македонија". Уметниците живеат со наградите и искрените аплаузи од публиката. Актерот Фирдаус Неби на фестивалот на Мали и експериментални во Сараево за улогата на "Раскољников" во "Злосторство и казна" го доби "Златниот лаворов венец" за најдобро актерско остварување и беше прогласен за актер на годината. Бедија Беговска, Салаетин Билал, Љутви Сејфула и Атила Клинче се добитници на наградата "11-октомври", а значајни се домашните и меѓународните награди и признанија на Шерафетин Неби, Атила Клинче, Мушереф Лозана, Мустафа Јашар, Перихан Ејупи-Туна, Елјеса Касо, Сузан Максут, Селпин Керим, Џенап Самет, Сузан Акбелге, Несрин Таир, Осман Али и други актери.
Театарот во 2019 година се помлади со 10 актери, кои ја продолжуваат традицијата и го збогатуваат неговиот репертоар.
Турски театар - Скопје ја негува и продукцијата за деца. Претставите за најмладите најчесто играни во претпладневниот термин, имаат деца од најразлични јазични средини.
1950-1960 Во салонот на реонскиот одбор на Четвртиот реон во скопје, вечерта на 20 јануари 1950 година, на свечен начин се одбележа денот по повод започнувањето со работа на народниот театар на албанското и турското национално малцинство. На свеченоста присуствуваа Наум Наумовски – член на Политбирото на ЦК КПМ Реис Шакири – министер во владата на НРМ; Кемал Сејфула – член на извршниот одбор на НОФ во Македонија и други. Беше најавено дека на оваа сцена ќе се при- кажуваат драмски творби од странски и домашни автори, преведени на албански и турски јазик, како и пиеси на млади писатели.1 Малцинскиот народен театар, всушност, е формиран во есента на 1949 година, од кадар од културно-уметничките друштва „јени јол“ и „емин Дураку“. За директор бил назначен Абдуш Хусеин. најважниот проблем, поточно проблеми со кои се судирал театарот во измина- тиот период е кадровскиот, репертоарскиот, како и просторниот и техничкиот. се почнало од ништо. За квалификување на кадрите веднаш по формирањето биле одржани кратки курсеви и кружоци. така се изучувале литературниот турски и ал -бан ски јазик, театарското искуство итн. во развојот на театарот помогнале и луѓе од надвор. со нивна помош и со помошта на уште некои личности од скопје, во Малцинскиот народен театар беше формиран едногодишен студиски курс, кој при- донесе младите неопитни артисти да се здобијат со знаења не само од теоријата на глумата, туку и со практично сценско мајсторство... во сезоната 1950/51 година во турската група била изведена „Мечка“ од Чехов, а со „сомнително лице“ гостувале во Битола, охрид, прилеп, радовиш, ресен, титов велес и Штип. ансамблот ги под-готвувал пиесите на Молиер „вообразен болен“, и „тартиф“, и двете во режија на Абдуш Хусеин. Малцинскиот народен театар од 1.1. до 31.12.1950 година се наоѓал на ул. 192 бр. 1 и во тоа време имал вработено 25 лица – од нив 19 биле уметници, 3 технички персонал и 3 администрација. ансамблот на овој театар од 9 јули 1950 до 10 февруари 1951 година гостувал со 20 претстави низ Македонија, кои ги виде- ле 4.790 посетители. турската драма во овој период ги прикажала и едночинките „аналфабет“ од нушиќ и „просидба“ од Чехов. во 1951 година турската група ги прикажувала пиесите „сомнително лице“, „аналфабет“, „Мува“, „светска војна“ и „Школски надзорник“. Меѓу артистите особено се истакнувале Шефки наум и Шерафетин неби. За сите актери се одржувале часови по музика (бил формиран и хор од 20 членови), часови по албански и турски јазик, курс за гримирање, за мечување, за сценски движења, за актерско мајсторство и др. турската драма на 24 ноември 1951 година ја прикажала премиерата на „по кон - дирена тиква“ од ј. с. поповиќ, во превод на турски од каим Дами. претставата била прикажана во салонот на поранешното Медицинско училиште кај иса-беговата џамија.
Во 1952 година турскиот ансамбл работел на „вообразен болен“ од Молиер и на „народен пратеник“ од нушиќ, како и на „коштана“ од Бора станковиќ. сите пиеси ги режирал директорот абдуш Хусеин. во овој тригодишен период, во двете драми биле прикажани 13 едночинки и три целовечерни претстави: „сомнително лице“, „покондирена тиква“ и „Женидба“. Бројот на посетители не бил поголем од 5.000. театарот преживувал „породилни болки“ и водел борба со „незрелоста и недо-волноста на уметничкиот персонал, со недостигот на сала со бина и реквизити, со костими и други материјали. на 8 март 1952 година премиерно била прикажана драмата „вообразен болен“ од Молиер, во салонот на народен фронт на третиот реон.
Новата зграда на Малцинскиот народен театар свечено е отворена на 8 јануари 1953 година. во театарот биле вработени 30 луѓе, а од основањето се прикажани 10 пре миери. салата на театарот во својата архитектура спаѓа во редот на најубавите театарски сали во Македонија. во неа има 650 седишта. ансамблот прикажува нај мал- ку 2 претстави седмично, а во другите денови се одржуваат друг вид приредби. во чест на отворањето на новата зграда, по многу напори, во неа биле прикажани две „солидно подготвени премиери“ – „Зулумќар“ (15.1.1953) и „Хасанагиница“ на албан- ски јазик, двете во режија на тодор николовски, „кој извонредно придонесувал во воспитувањето на младите артистички кадри во Малцинскиот народен театар“. последниве две претстави, прикажани во новата зграда на театарот, со сите пот - ребни технички можности, претставувале огромен чекор напред во уметничкото издигнување на овој колектив. тоа биле солидно подготвени претстави, во кои со квалитетна глума се истакнале Муса Халим, Шерафедин Неби, Љутви сејфула, Ангелина Џони, викторија Широка, Мухарем Шахиши, Махмуд Думани и други. са лонот на двете претстави бил преполн. публиката барала билет повеќе. на теа тарот му било сугерирано во својот совет да вклучи поголем број членови од над вор, за да му помогнат во градењето на репертоарската политика. „иднината на овој наш прв Мал - цински театар се покажа светла. во блиски денови ние ќе бидеме сведоци на нови постигања на ансамблите на театарот, на ’коштана’ од Б. станковиќ на албански и на ’ајша’ од Ќоровиќ на турски, обете во режија на тодор николовски“. Меѓутоа, на премиерата на „ајша“ очекувањата на гледачите не биле докрај исполнети. „Длабочината, топлината, уверливата наративност, потребната живост, динамика, како и тонот и глаткоста во пиесата не го нашле своето место во извед- бата“. Љутви сејфула како слуга на рашид бег, немал тешкотии, затоа што слична ролја играл и во „Зулумќар“. Бинас како другарка на ајша била еднолична. сабахат циноли како циганката „даде добра игра“; надире кемал како Хатиџа Ханум не можела да се ослободи од „шаблонската игра“; садулах Бехиќ како ибрахим „не беше оригинален и вистинит“.критиката не била задоволна од режијата. на сцена- та не се гледал секогаш единствен естетски и уметнички вкус, како да не ја водела една иста рака докрај.
на 3 јуни 1953 година била прикажана премиерата на „Женидба“ од Гогољ, во режија на абдуш Хусеин. режијата успеала „да ја почувствува и да ја потенцира фината иронија на Гогољ, држејќи се притоа до духот на текстот и извлекувајќи го од пиесата она што е битно, така што публиката доби една претстава што го има тонот и карактерот на една солидно студирана Гоголева комедија“. Многу добро биле обработени и прикажани сцените кога поткаљосин изјавува љубов, или кога настанува бркотницата пред доаѓањето на стројниците. сабахат Џиноглу (агафја) успеала коректно да го претстави ликот. „нејзините психолошки расположби, онака како што се менуваа во текот на претставата, беа целисходни“. абдуш Хусеин ја толкувал улогата на поткаљосин со „сигурна, уверлива и рутинирана глума“. Шерафедин неби (кочкарјов) реализирал улога „токму спрема концепцијата на режисерот“. наџија Хусеин (Фјокла) и Бинас сулејман (арина), „стегната и умерена секоја за себе, дадоа во улогите што од нив било барано“. Љутви сејфула (анучкин), „со фин хумор ни го претстави ликот, благодарение на неговата силна интерпрета- ција и сигурните движења и мимика“. Бехиќ (кајгана), екрем Зекирија (Жевакин) и Муса Халим (стариков), „покрај тоа што имаа зрели остварувања, се движеа под очекувањата“. во споредните улоги треба да се одбележи глумата на реџеп Зекирија, која била едноставна и со вклопени движења.
Театарот заминал на турнеја со претставите „Хасанагиница“, „Зулумќар“, „Женидба“ и „коштана“ на 8 јуни. Биле прикажани претстави во Гостивар, Дебар, стру га, охрид, прилеп, титов велес, Штип, кочани и радовиш.
Во ноември се случила и премиерата на „со сила лекар“ од Молиер, во режија на абдуш Хусеин, кој ја почувствувал „онаа фина Молиерова иронија спрема ништож носта на сите оние што не се трудат во животот да остават посветла трага. ре жисерот, особено во третиот чин, многу внимателно ги обработил моментите суштински врзани за развојот на комедијата. абдуш Хусеин (Зганарел) „со при- лично хумор, а и многу прецизно ни пружи впечатлива студија на човекот кој по силата на околностите станува лекар. треба да се одбележат и неговите хармо- нични движења, мимика и дикција“. Бинас сулејман (Мартина) дала лик на жена која се обидува во секоја ситуација да се снајде“. Шерафедин неби (валер) дал „успешна креација, благодарение на своето пластично изнесување на битните моменти во улогата“. илдис Хасанага (Жаклин), Фахри незир (лукас) ја исполниле успешно својата задача. екрем Зекирија, Љубомир Бумбиќ и Љутви сејфула „задо- волија, а особено во целисходноста на движењето и говорот, во кој имаше при- лично иронија“.најуспешното остварување во премиерата на „коштана“ од Бора станковиќ во режија на абдуш Хусеин била улогата на арсо, која ја толкувал Шерафедин неби. улогата на Митке ја толкувал Муса Халим „без подлабока психолошка продлабоче- ност. незакет јашар (коштана) со појавата одговарала на ликот. режисерот Хусеин не успеал да ја почувствува „интимната и топла атмосфера на врање“. во останати- те улоги настапиле екрем Зекирија, идриз емин, Бајрами таип, Љутви сејфула, Бедри лака, Љубиша Бумбиќ и други. сценографските решенија на тома владимирски, во основа, задоволиле.