мини|350п|Прволигашки натпревар на „Младост“ меѓу Беласица и Академија Пандев Стадионот „Благој Истатов“ — фудбалски стадион во Струмица. Сместен е во Градскиот парк, во околината на повеќе спортски објекти. Стадионот е под концесија на ФК Беласица. Тој е изграден во 1950 година. Со реконструкцијата од 2017 година има сместивост за повеќе од 7 и пол илјади гледачи. До 2019 година стадионот го носи името „Младост“, а познат е и како Градски стадион Струмица.
„Благој Истатов“ денес е модерен стадион и според стандардите на УЕФА исполнува услови за квалитетни натпревари од висок ранг, единствен таков во државата заедно со Националната арена. Покрај матичната Беласица, на стадионот своите натпревари ги игра и ФК Академија Пандев. Националната репрезентација на Македонија во неколку наврати има одиграно меѓународни натпревари овде.
Меѓународни натпревари Списокот не е целосен и претставени се само меѓународните натпревари на ФК Беласица по 1991 година и на Македонската репрезентација. ДатумНатпреварувањеПротивникРезултатФК Беласица—Квалификации за УЕФА куп 2002/03 Леишоинс2–2—Квалификации за УЕФА куп 2003/04 Публикум0–5Фудбалска репрезентација на Македонијапријателски натпревар0–0пријателски натпревар3–0Квалификации за СП во фудбал 20181–1Квалификации за СП во фудбал 20184–0
Наводи
Надворешни врски
„Спортски објекти“ - стадион „Младост“. www.strumica.gov.mk - официјално мрежно место на општина Струмица.
Категорија:Спортски зданија во Струмица Благој Истатов Категорија:ФК Беласица (Струмица) Категорија:Градски Парк (Струмица)