Митко Поптрандовски (Косинец, 7 август 1937 – Скопје, 1976) ― македонски-југословенски и геолог.

Живот и дејност Во 1948 година, за време на Граѓанската војна во Грција, како дете бегалец принудно заминал во Чехословачка каде завршил гимназија. Дипломирал во 1960 година, на Природно-математичкиот факултет на Масариковиот универзитет во Брно. Во меѓупериодот од 1960 до 1969 година, работел во Чехословачка во Заводот за геолошки истражувања во Брно, а потоа бил и раководител на Одделението за неметали при Геолошкиот институт во Прага. Во 1969 година, се вратил во Македонија и бил ангажиран како асистент по геологија на Географскиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во звањето доцент, бил унапреден во 1971 година. Починал во 1976 година.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Димитар Јаранов Петар С. Јовановиќ Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски

Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Војислав Радовановиќ

Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Родени во 1937 година Категорија:Луѓе од Косинец Категорија:Починати во 1976 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски геолози Категорија:Југословенски геолози Категорија:Чехословачки геолози Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Деца бегалци