На 1 јануари 2024 г., во 16:10 часот по јапонско време, земјотрес со магнитуда од 7,6 степени (7,5 според Геолошкиот топографски институт на САД) се случил на полуостровот Ното во префектурата Ишикава, Јапонија. Земјотресот предизвикал цунами по Јапонското Море.

Тектонски одлики Во текот на изминатите три години, североисточниот врв на јапонскиот полуостров Ното доживеал бројни земјотреси. Најновиот значаен сеизмички настан го надминал интензитетот на големиот земјотрес во мај 2023 г., означувајќи го најмоќниот потрес во Јапонското Море од 1983 г.

Јапонија се наоѓа на точката на собирање на четирите главни плочи на Земјината кора: Тихоокеанската, Филипинската, Охотската и Амурската Плоча. Овој исклучителен геолошки распоред води до често сеизмичко дејство. По должината на источниот и југоисточниот брег, Тихоокеанските и Филипинските Морски Плочи се подложени на подвлекување под копното, што се случува на две различни места — Јапонската и Нанкајската Бразда. На западниот брег, во непосредна близина на Јапонското Море, две плочи се спојуваат, започнувајќи постепен процес на подвлекување, што доведува до образување на раседи.

Оваа област има изложено геолошка активност за долг период, кој потекнува од крајот на плиоценската епоха. Движењето на плочите една против друга во оваа област доведува до земјотреси и цунамија. Историските записи наведуваат значајни сеизмички настани и цунамија во 1741, 1833, 1940, 1964, 1983 и 1993 г. Меѓутоа, точната причина за цунамито од 1741 г. останува донекаде нејасна.

Земјотрес Земјотресот бил силен, Геолошкиот топографски институт на САД (ГТИС) известил моментна јачина од 7,5 степени и длабочина од 10 километри. Јапонската метеоролошка агенција забележала магнитуда од 7,6 степени. Тоа се случило по должината на собирачката граница помеѓу Охотската и Амурската Плоча, вклучувајќи плитки обратни раседи по североисточната рамнина. Пред главниот земјотрес имало помал со јачина од 5,5 степени (претпотрес), а девет минути подоцна следел последователен потрес со јачина од 6,2 степени. Забележани биле повеќе од 1200 последователни потреси во зона од 100 км, при што најмалку седум од нив биле прилично силни, со магнитуда од 5,0 и повеќе.

Врз основа на крајниот модел на раседи на ГТИС, расцепот на земјотресот се протегал на околу 200 км југоисточно од полуостровот Ното до островот Садо, по раседот што се спуштил на југоисток. Подрачјата со најмногу движење биле североисточно и југозападно од хипоцентарот. Југозападниот дел предизвикал најмногу поместување на тлото, со поместување од 3,67 м под полуостровот. Друга област помеѓу полуостровот и островот Садо доживеала поместување, што довело до движење до 1,86 м. Раседот најверојатно пукнал кон морското дно.

Поместувања на земјата Управата за геопросторно информирање на Јапонија објавила дека одредени делови од земјата се поместиле до 1,3 м на запад, при што најзначајното поместување е забележано во Ваџима поради искривеност на кората. Во Анамизу, земјиштето се поместило 1 м на запад. Меѓутоа, агенцијата претполагала дека овие движења можат да се припишат на наклон или месни поместувања на земјата. Дополнително, агенцијата споменала издигнување на земјината кора од 4 метри во Западна Ваџима и 1,1 м во северниот дел на Сузу. Имено, во близина на пристаништето Ваџима, брегот на песочната плажа се поместил за 250 м кон морето поради крајбрежното издигнување.

Цунами мини|Карта што ги прикажува предупредувањата за цунами, издадена од Јапонската метеоролошка агенција на 1 јануари 2024 г., во 16:22 часот по јапонско стандардно време (земјотресот почнал во 16:10)

Јапонија Силниот земјотрес во Јапонија довел до предупредување за цунами на западниот брег, погодувајќи места како Хокаидо до префектурата Нагасаки. Биле дадени наредби за евакуација во префектурите Ишикава, Ниигата, Тојама и Јамагата. Предупредувањето за цунами било сериозно, прво по земјотресот во Тохоку во 2011 г. Телевизиската компанија NHK очекувала бранови и до 5 метри, но всушност дошле помали бранови. Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунамија соопштил дека опасни бранови можеле да се случат на 300 километри од центарот на земјотресот.

На околу 62.000 луѓе им било кажано да се евакуираат, а 1.000 отишле во засолниште во базата на Јапонските воздушни сили за самоодбрана во Ваџима во префектурата Ишикава. Големото предупредување за цунами подоцна било сменето во редовно предупредување за цунами околу четири часа по земјотресот. Овие предупредувања потоа биле намалени на совети и конечно биле укинати околу 18 часа по земјотресот.

Првичните бранови, наводно, биле забележани околу 16:21 часот, но група истражувачи од Меѓународниот институт за истражување на катастрофи на Универзитетот Тохоку претполагале дека првите бранови всушност стигнале до полуостровот во рок од една минута по земјотресот. Во Сузу, се проценува дека првите бранови пристигнале приближно една минута по сеизмичкиот удар, при што Нанао ги доживеал две минути подоцна. Дополнително, истражувачите приближно утврдиле дека Тојама била погодена од брановите околу пет минути по земјотресот.

Искачување од приближно 4,2 м било пресметано во градот Шика врз основа на испитувањето на складовите и пристанишните градби. Ваџима бил погоден со бранови од најмалку 1,2 метри. Во јадрената централа Шика, нивото на приливот се зголемил на 3 метри во периодот од 17:45 до 18:00 часот. Каназава имала цунами од 90 см, додека префектурата Тојама, Саката и Јамагата имале цунами од 80 см. Нанао и Цуруга имале бранови од 50 см, а Кашивазаки, Тобишима и островот Садо имале бранови од 40 см. Градот Тојама имал бран од 0,5 м. Префектурата Тотори забележала цунами со височини од 0,6 м во Сакаиминато и 0,2 м во Ивами. Во Тојока, префектурата Хјого, тој достигнал 0,4 м. Во Маизуру, префектурата Кјото, имало бран од 0,4 м. Во Хокаидо, Сетана, биле соопштени бранови до 60 см, а островот Окушири имал бранови од 50 см. Во 16:35 часот во Ниигата, видеоснимка го снимила цунамито како се движи кон устието на една река, судирајќи се со насипи за на крајот да излее на морската вода.

Штета Во Сузу, куќите биле отфрлени од нивните темели, а некои биле однесени повнатре. Земјотресот и цунамито предизвикале значителна штета, погодувајќи 90 отсто од зградите во градот. Рибарските бродови биле превртени од цунамито, а некои завршиле на копно. Новинарско прелетување со вртолет открило урнати згради и превртени автомобили во градот.

Еден жител опишал дека брановите од цунамито го поплавувале патот, кревале автомобили и остатоци, проценувајќи дека брановите биле на 3 метри над нивото на приливот. Приближно 100 хектари од Сузу биле погодени, но се верува дека вистинската погодена област била поширока. Хироши Хасе, гувернер на префектурата Ишикава, објавил дека цунамито ја поплавило областа на пристаништето Ида, достигнувајќи до 100 метри во внатрешноста. Во Шика, серија бранови на цунамито стигнале до пристаништето во 17:40 часот. 4,2-метарското цунами што имало искачување, го погодило градот, предизвикувајќи штета на рибарското пристаниште и неговите градби.

Во областа Широмару во Ното, Ишикава, домовите биле однесени, што довело до пожар. Џоецу во Ниигата доживеал штети по зградите, со куќи на плажите и други градби однесени од брановите. Десет рибарски брода се превртеле во областа на риболовното пристаниште Огата, а сандаците биле однесени додека складовите за складирање машини биле поплавени. Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам утврдило дека најмалку 100 хектари земјиште во Сузу и Ното било поплавено од цунамито.

Други места по Јапонското Море Корејската метеоролошка управа предупредила за можно зголемување на морското ниво по крајбрежјето на покраината Гангвон и Поханг во Јужна Кореја. Тие очекувале бранови од 0,3 метри по источниот брег на земјата помеѓу 18:29 и 19:17 часот по месно време. Гангвон соопштил цунами од 0,45 метри, а Муко доживеал бран висок 0,85 метри околу 20:00 часот по месно време. Улџин забележал цунами со височини од 0,66 м, Сокчо имал 0,45 м, а Гангнинг имал 0,39 м. Се верувало дека ова е првото цунами што надминало 0,5 м забележано во земјата од 1993 г. Севернокорејското државно радио, како што е наведено од новинската агенција Јонхап, објавило предупредување за цунами со бранови што имале можност да достигнат 2,08 м по источниот брег на земјата.

Русија издала предупредувања за брановите на цунамито што се проценувале дека ќе достигнат 1 метар, особено по западниот брег на островот Сахалин, што предизвикал евакуација за која подоцна било појаснето дека не се случуваат. Предупредувања за цунами биле објавени и во Владивосток и Находка, заедно со другите области во Приморскиот Крај и Хабаровскиот Крај. Руското министерство за вонредни ситуации изјавило дека екипите за одговор се подготвени за можни последици, но подоцна во извештаите од Владивосток не се споменува забележано цунами, а во Находка цунамито поминало речиси незабележано.

Судир на аеродромот Ханеда

Вечерта на 2 јануари, се случил судир меѓу авион на Јапонската крајбрежна стража, кој превезувал помош за жртвите од потресот во Ниигата, и авионот А350-900 на Japan Airlines од новиот аеродром Читосе на аеродромот Ханеда во Токио. И двата авиони се уништиле. Сите 379 лица во авионот на Japan Airlines биле евакуирани, а 14 биле повредени. Капетанот на авионот на Крајбрежната стража се здобил со тешки повреди, а останатите пет члена на екипажот го загубиле животот.

Последици Земјотресот предизвикал уривање на згради во префектурата Ишикава. Околу 36.000 куќи останале без струја. Во Ваџима избувнало пожар што бил тежок за гасење поради оштетените патишта. Некои луѓе останале заглавени во урнати куќи, но на крајот биле спасени. Според Општинската болница Ваџима, многу луѓе биле повредени, со скршеници и повреди од паѓање. Во префектурата Тојама пукнале патишта, а во Хими и Ојабе пукнале водоводни цевки. Во префектурата Ниигата, две лица биле повредени, а дошло до разредување на водата, поради што канализациските цевки пукнале и многу домови останале без вода.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Азија во 2024 година Јапонско Море Категорија:Природни катастрофи во 2024 година