Африкански куп на нации 2023 Податоци
Африкански куп на нации 2023 (познато и како АФКОН 2023, односно КАН 2023) било 34-тото по ред фудбалско континентално првенство на Африка, познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е оргенизирано од КАФ, а се одржало во Брегот на Слоновата Коска. Ова било вторпат оваа земја да биде домаќин, првпат по изданието во 1984 година.
Ова издание на турнирот првично било планирано да биде трето почнувајќи од изданието во 2019 што ќе се одржи во текот на летото на северната полутопка, со цел да се намалат конфликтите со европските клубови во поглед на поклопувањето на распоредот на натпреварите. Сепак на 3 јули 2022 година, КАФ го одложиле првенството за периодот од 13 јануари до 11 февруари 2024 година, поради неповолните летни временски услови во Брегот на Слоновата Коска, додека во исто време турнирот го задржач оригиналното име на изданието од спонзорски причини. Ова се уследило откако изданието 2021 во Камерун, исто така, било преместено во зимската сезона на северната полутопка од слични причини.
Бранител на титулата била репрезентацијата на Сенегал, која во 2021 за прв пат станала шампион.
Избор на домаќин Кандидатури: Алжир Гвинеја (Првично организацијата на турнирот во 2023 година и била доделена на Гвинеја, но обврските за домаќини подоцна биле одложени за во 2025 година, откако Камерун бил домаќин во 2021 година наместо во 2019 година поради неподготвеноста во тоа време. Сепак, Гвинеја не успеала да го исполни крајниот рок за подготовки на турнирот и подоцна и биле одземени правата за домаќинство на 30 септември 2022 година; како замена, Мароко бил избран за домаќин на 27 септември 2023 година.) Брег Слонова Коска (На Брегот на Слоновата Коска првично и била доделена организацијата на турнирот во 2021 година, кој подоцна бил одложен за 2023 година, откако Камерун бил домаќин на изданието во 2021 година. Сепак, Брегот на Слоновата Коска подоцна побара од КАФ изданието од 2023 година да се одржи во периодот јануари-февруари 2024 година за да се избегне сезоната на тропски дождови во Западна и Централна Африка, која вообичаено го достигнува својот врв околу јуни-јули.) Замбија
Одбиени кандидатури: Камерун Кенија Судан Сенегал
КАФ првично ги објавил домаќините за изданијата 2019, 2021 и 2023 година на Африканскиот куп на нации по последното гласање на состанокот на извршниот комитет на 20 септември 2014 година, доделувајќи му го изданието за 2019 година на Камерун, изданието за 2021 година на Брегот на Слоновата Коска и изданието за 2023 година на Гвинеја. Прогласувањето на домаќините во 2023 година било незакажано. Гвинеја била еден од понудувачите за изданијата 2019 и 2021 година, чии земји домаќини требало да бидат објавени на тој ден. Портпаролот на КАФ изјавил за BBC News дека, врз основа на презентацијата на Гвинеја „и посветеноста“, комитетот „одлучил да ја искористи својата моќ за да донесе итна одлука“.
Промена на домаќин На 30 ноември 2018 година, КАФ му го одзел на Камерун правото да биде домаќин на изданието 2019 поради недостаток на брзина и напредок во подготовките за домаќинство, но го прифатиле барањето на поранешниот претседател на КАФ Ахмад Ахмад, Камерун да го организира следното издание во 2021. Како последица на тоа, оригиналниот домаќин од 2021 година, Брегот на Слоновата Коска, би бил домаќин на изданието во 2023 година, а оригиналниот домаќин од 2023 година, Гвинеја била планирана да биде домаќин на изданието во 2025 година, кое тогаш сè уште немало избран домаќин.
На 30 јануари 2019 година, претседателот на КАФ ја потврдил промената во распоредот, по состанокот со претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласан Уатара во Абиџан.
Маркетинг Спонзори Главен спонзор Официјален спонзор Национален спонзорTotalEnergies 1XBET
Visa Puma OrangeApsonic Tecno
Razzl EcobankCeleste Porteo
LONACI Smart Technologies
Маскота Маскотата на натпреварувањето е "Акваба" (изворно "Akwaba"), што во превод значи "Добредојде" на јазикот Бауле. Акваба е слонче, животното симбол на Брегот на Слоновата Коска, облечено во бои слични на опремата на репрезентацијата домаќин.
Топка На 12 октомври 2023 година, КАФ и Пума ја откриле „Поку“ (изворно "Pokou") официјалната топка со која ќе се играат натпреварите на ова издание на турнирот пред извлекувањето на ждрепката за финалниот турнир. Името било избрано во чест на починатиот легендарен напаѓач од Брегот на Слоновата Коска Лорен Покоу, локално познат по тоа што постигнал 5 гола во победата од 6–1 над Етиопија на турнирот во 1970 што е рекорд до ден денес.
Химна На 12 октомври 2023, КАФ ја открил и официјалната песна на натпреварувањето исто така за време на официјалното извлекување на ждрепката. Во песната учествувале наградуваниот нигериски изведувач Јеми Аладе, египетскиот рапер Мохамед Рамадан и музичкиот бенд од Брегот на Слоновата Коска Magic System. Насловена како „Akwaba“, што значи „Добредојдовте“ на мајчиниот јазик (Бауле), химната е возбудлив спој на афробит, рап и зуглу во уникатен музички микс кој останува длабоко вкоренет со традицијата на претходните химни на натпреварувањето.
Квалификувани репрезентации Репрезентација Квалификувана какоДатум на квалификување Број на учества Последно учество Најдобар резултат Пласман наранг-листата на ФИФА пред почетокот на првенството 25 2021 (1992, 2015) 49. место 19 2021 (1976) 13. место 20 2021 (1990, 2021) 30. место 11 2019 (1996) 66. место 17 2021 (2021) 20. место 12 2021 (2013) 58. место 21 2021 (2004) 28. место 26 2021 (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010) 33. место 18 2015 (2012) 84. место 4 2021 (2015) 88. место 20 2021 (1980, 1994, 2013) 42. место 4 2021 (2017, 2019, 2021) 103. место 4 2021 (2013) 73. место 13 2021 (1972) 51. место 14 2021 (1976) 80. место 24 2021 (1963, 1965, 1978, 1982) 61. место 9 2019 (2008, 2010)117. место 3 2019 (1980, 2019) 121. место 5 2010 (1986, 1996, 1998, 2010) 111. место 20 2019 (1968, 1974)67. место 3 2021 (2019, 2021) 105. место 2 2021 (2021) 126. место 21 2021 (1984, 1988, 2000, 2002, 2017)46. место 4 2019 (1998, 2008, 2019) 115. место
Стадиони Абиџан Буаке Стадион Аласан Уатара Стадион Феликс Уфуе-Буани Стад де ла Пе Капацитет: 60,000 Капацитет: 33,000 Капацитет: 40,000 КорогоСан-ПедроЈамусукроСтадион Амаду Гон КулибалиСтадион Лоран ПокуСтадион Шарл Конан БаниКапацитет: 20,000Капацитет: 20,000Капацитет: 20,000
Судии
Мустафа Горбал Питер Ваверу Бамлак Тесема Вејеса Жан Жак Ндала Нгамбо Амин Омар Дахан Беида Самир Гезаз Бубу Траоре Том Абонџиле Ачо Пјер Махмуд Махмуд Мамат Алиу Иса Си Мутаз Ибрахим Пасифик Ндабихавенимана Самуел Увикунда Мохамед Маруф Абдел Бу Мебиаме Танги Омар Артан Гамух Јусеф Редуан Жијед Џалал Жајед Калилу Ибрахим Садок Селми Луј Хунгнанданде Меси Нкуку Патрис Милазар Лахлу Бенбрахам Гират Хаитем Даниел Ларјеа Махмуд Ел Бана Ахмед Хералал
Групна фаза
Од секоја група понатаму одат првопласираната и второпласираната репрезентација, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.
Позициите на табелата се одредуваат според бројот на освоените бодови (победа вреди три, реми еден и пораз нула бодови). Доколку две екипе имају ист број на бодова на крајот на групната фаза, позициите ќе се одредуваат според следните критериуми (по наведениот редослед) за да се утврди конечниот пласман (член 74 од Правилникот):
број на освоени бодови во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи; гол-разлика во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи; број на постигнати голови во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи; доколку повеќе од две екипи се изедначени и ако две екипи се и понатаму изедначени, сите горенаведени критериуми важат исклучиво за тие две екипи; гол-разлика во сите натпревари во групата; број на постигнати голови во сите натпревари во групата; ждрепка.
Сите времиња се локални, WAT (UTC+1).
Група А Африкански куп на нации 2023 - група AЕкипа1. 321093+672. 321031+273. 310225-334. 300327-50
Група Б Африкански куп на нации 2023 - група БЕкипа1. 321073+472. 303066033. 302156-124. 302147-32
Група Ц Африкански куп на нации 2023 - група ЦЕкипа1. 330081+792. 311156-143. 311123-144. 300327-50
Група Д Африкански куп на нации 2023 - група ДЕкипа1. 321063+372. 311134-143. 310234-134. 302134-12
Група Е Африкански куп на нации 2023 - група ЕЕкипа1. 312031+252. 311142+243. 311114-344. 302112-12
Група Ф Африкански куп на нации 2023 - група ФЕкипа1. 321051+472. 303022033. 302123-124. 302114-32
Поредок на третопласираните екипи во групите Африкански куп на нации 2023 - Поредок на третопласираните екипиЕкипа1. 311123-142. 311114-343. 310234-134. 310225-335. 302156-126. 302123-12
Нокаут фаза Резултати
Осминафинале
Четвртфинале
Полуфинале
Натпревар за трето место
Финале
Статистика
Листа на стрелци
3 гола Емилио Нсуе
2 гола
Мостафа Мохамед
Мохамед Кудус
Ламине Камара
1 гол
Багдад Бунеџах Мабулулу Бертран Траоре Жан-Шарл Кастелето Франк Магри Бебе Рајан Мендеш Жамиро Монтеиро Кевин Пина
Гари Родригеш Јоане Виса Омар Мармуш Мохамед Салах Хосете Миранда Ибан Салвадор Александер Џику Мохамед Бајо Агибу Камара
Зе Турбо Секо Фофана Жан-Филип Красо Ласине Синајоко Амари Траоре Јусеф Ен-Несири Азедин Унахи Ромен Саис Клесио
Вити Деон Хото Виктор Осимен Вилијам Трост-Еконг Хабиб Диало Папе Геје Садио Мане Исмаила Сар Кингс Кангва
автоголови
Естебан Ороско (против Гвинеја-Бисао)
Наводи
Надворешни врски Организациски комитет на Африканскиот куп на нации 2023 (јазик: француски)
2023