1942 Во екот на Втората светска војна Јапонија ја нападнала Шри Ланка. 1654 Со Вестминстерскиот мир завршила Првата англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скршила холандската надмоќност на море. 1955 Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на братанската дипломатија Ентони Идн. 1989 Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа што означи крај на меѓусебниот десетгодишен конфликт. 1992 Српските сили воспоставиле опсада на Сараево. Градот останал под опсада до 29 февруари 1996, што е најдолгата опсада во современата воена историја. 1998 Најдолгиот висечки мост на светот, Акаши-Кајкјо во Јапонија, е отворен за сообраќај. 1999 Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица. 5 април
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 5 април (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.