мини|250п|Ктиторскиот натпис во „Св. Илија“ во Велгошти со името „Рафе Крстев Колоски“. мини|250п|Сцената „Успение Богородично“ од „Сите Светители“ во Лешани, 1926 г. Рафаил (Рафе) Крстев Дулев Коловски — македонски зограф и иконописец.

Животопис Роден е во мијачкото село Лазарополе. Припаѓа на големиот зографски род Дулеви (Колоски), чии основоположници се Дуле и син му Никола. Рафаил е син на истакнатиот зограф Крсте Николов Колоски кај кого се обучувал за зограф и со кого често работел по обуката. Брат му Русалим Крстев исто така станал иконописец.

Иконите во црквата „Св. Богородица“ во охридското село Волино се изработени од Крсте Н. Колоски и син му Рафаил Крстев. Околу 1919 г. Крсте заедно со син му Рафаил и мајсторот Димитар Андонов творел во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце, Тетовско. Во 1920-тите Крсте со Рафаил ја живописал новата манастирска црква „Сите Светители“ во охридско Лешани.

Во 1923 г. Рафаил ги насликал иконите за црквата „Св. Троица“ во Горенци, Охридско.

Рафаил ја живописал црквата „Св. Мина“ во охридско Коњско заедно со татко му во 1928 г. Во 1929 г. двајцата ја живописале црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Скребатно, исто така во Охридско.

Рафаил имал два сина, Крсте и Владимир, кои ги обучувал за зографи и со кои заеднички работел. Во 1944 г. Рафаил и Крсте ги насликале црквите „Св. Илија“ во Рамне и „Св. Кузман и Дамјан“ во Пештани. Истата година Рафаил заедно со двата сина ја живописал и црквата „Св. Илија“ во Елшани. Во 1946 г. Рафаил го насликал манастирот „Св. Илија“ кај Велгошти.

мини|центар|650п|Натписот цо црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце со името на Рафе Крстіћ

Родословие

Наводи

Категорија:Македонски иконописци Категорија:Македонски зографи Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Луѓе од Лазарополе