Димитар Андонов (Донев) Петров (1856 - 1934) — македонски зограф и иконописец, припадник Дебарската школа и зографскиот род Ангелковци.

Животопис Роден е во 1856 г. во Гари, Дебарско, во семејството на зографот Андон Петров. Работел во Прилепско, Кавадаречко и Мариово заедно со татко му, чичко му Спасе и браќата Ѓорѓи и Нестор Андонов.

Димитар Андонов, Ѓорѓи Андонов и Ефтим Спасов се автори на фреските во „Вознесение Христово“ во Долнени.

Околу 1919 г. Крсте Николов Колоски заедно со синот Рафаил и мајстор Димитар Андонов твореле во црквата „Св. Атанасиј|Св. Атанасиј“ во тетовско Радиовце. Димитар Андонов ги насликал иконите и фреските на црквата „Св. Петар и Павле“ во село Мешеишта. Во 1927 г. со брат му Ѓорѓи го живописале храмот „Св. Илија“ во Лактиње.

Починал во 1934 г. Син му Илија Димитров Андонов се занимавал со истата уметност. Заедно со братучед му Андон (Доне) Георгиев Андонов во 1938 г. ги насликале живописите во црквата „Св. Димитриј“ во Атишта и во други села во Кичевско. Илија подоцна се преселил во Шумен, каде почнал да се занимава со слаткарство.

мини|центар|450п|Натписот во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце со името Митре Донїћ, 1919 г.

Родословие

Наводи

Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Луѓе од Гари Категорија:Ангелковци (гарски род) Категорија:Македонски преселници во Шумен Категорија:Родени во 1856 година Категорија:Починати во 1934 година