Белотински Планини (, Левкогион Вуна) — гранична планина меѓу Пиринска и Егејска Македонија, дел од Рилско-родопскиот Масив. Највисок врв е Перперика (835 м).

Опис Ова е група од мали врвови во северниот дел на Драмско (во денешна Грција) и јужниот дел на Неврокопско (во денешна Бугарија). Се протега меѓу граничната пирамида бр. 141 (760 м) на исток и пирамидата бр. 130 (710 м) на запад. Името Белотински Планини го добиваат од селото Белотинци (600 м). Планините на запад граничат со Стргач преку седлото Митницата, а на исток со Бесленски Рид. На север е Неврокопската, а на југ се наоѓа Белотинската Котлина.

Во Бугарија овој планински предел се смета за дел од Бесленски Рид. Во 2013 г. Асен Асенов предложил планината (со Бесленски Рид) да биде наречена Перица Планина по името на иселеното село Перица во нејзиното североисточно поднојжје.

Карпите на планината се гнајсови.

До врвот се стасува од граничниот премин „Либјахово – Везме“ („Илинден - Ексохи“; гранична пирамида бр. 133, 710 м) за околу 1 час.

Врвови + Врвови Име Грчки Висина Местоположба Перперика, Тобрук, Догрук Τομπρούκ, Ντογρούκ 895 м Пирамида бр. 134 Картал, Карталтепе Αετός, Καρτάλ, Καρτάλ Λόφος/Τεπέ 854 м С од Маалџик Камено Καμένο, Παλιά Αμπέλια 793 м С од Белотинци Кајабаир, Каја Πέτρα, Καγιά, Καγιά/Καγιάρ Μπαΐρ 874 м Пирамида бр. 135 Печуца, Перица Πετρούτσα, Πετρίτσα 860 м Пирамида бр. 138

Наводи

Категорија:Планини во Пиринска Македонија Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Општина Хаџидимово Категорија:Рилско-родопски Масив Категорија:Бугарско-грчка граница