мини| Горнополошки срез во рамките на Кралството Србија 1913. Горнополошки Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.

Организација и население Кралство Србија После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Горнополошкиот Срез припаѓал на Тетовскиот Округ, заедно со Долнополошкиот, Поречкиот и Галичкиот Срез. Како центар на срезот бил градот Гостивар. Во 1913 година тој имал 15 општини, со 49 села, едно селце и еден град. Градското населние изнесувало 4.384, додека селското население изнесувало 28.625 жители. +Горнополошкиот срез според пописот од 1913 годинаБројИме на општинатаБрој на селаКолку часови е оддалечена општината од ГостиварЖители1Бањичка40:1515992Врутошка41:3031153Галатска41:1528954Гостиварска//43845Дуфска2310326Железно-речка6427197Зубовачка4123058Јеловачка42:3021189Леуновска23:15117310Мавровска1495811Пожаранска42254112Тајмишка15:3043813Турчанска51195414Чајланска41:15355415Церовска532251

Кралство СХС Во 1921 година, срезот исто така имал 15 општини и еден град. Градот Гостивар имал 4.830 жители, а целиот срез имал 28.082 жители.

Јазик Во градот Гостивар, 17,5% од населението говорело српски или хрватски, додека 77% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во целиот срез 32% говореле на српски или хрватски, а најкористен јазик бил арнаутскиот (42%), додека пак 25% од жителите говореле на турски јазик. +Јазици 1921 годинаЈазикГостиварска околинаГрад ГостиварВкупно%Српски или хрватски8064846891031.72Арнаутски117431381188342.30Турски34343743717725.55Други111031140.43

Религија Во градот Гостивар 16% од населението било православно, додека 82% биле муслимани. Од другата страна пак, во гостиварската околина 34% биле православни и 66% биле муслимани.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf +Религија 1921 годинаРелигијаГостиварска околинаГрад ГостиварВкупно%Православни7990792878231.27Муслимани1526239491921168.41Други089890.32

Кралство Југославија Во 1931 година, Горнополошкиот Срез имал 11 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска Бановина. Вкупното градско население било 5.952, додека селското население било 26.714. Целиот срез имал 32.666 жители. Како православни се изјасниле 30% од жителите, додека како муслимани 69%.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf

30% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки, 45% говореле на арнаутски и 24% на друг јазик (тука се пресметани најголемиот дел од жителите кои говореле турски јазик).

Во ФНРЈ и СФРЈ По Втората светска војна, Горнополошкиот Срез се преименува во Гостиварска Околија и значително му се менуваат границите спрема реканскиот крај.

Наводи

Категорија:Срезови во Кралството Југославија Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Историја на Гостивар