Денес над Македонија — државна химна на Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.Закон за химната на Република Македонија, Службен весник на РМ 50/92.Закон за химната на Република Македонија .

Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии — денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.

Историја на химната мини|лево|Спомен-плоча во Струга со натпис: „Во ноќта спроти Новата 1942 година струшката младина организирана од КПЈ и СКОЈ во градот Струга првпат ја испеа песната „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата.“ Од таа ноќ песната се носеше од уста на уста низ цела окупирана но непокорена Македонија. Граѓаните на град Струга“|299x299пкс мини|десно|Законот за Химната на Македонија Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 г. а за првпат се изведува на пречекот на новата 1942 година во Струга во куќата на Сотир Шута. Химната била изведена за првпат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и Струшкиот Регион.Културно наследство на Струга

За овој настан Малески ќе рече:

Меѓу присутните активисти на народноослободителното движење на Македонија бил и блискиот пријател на Малески, Никола Кочоски кој за песната изјавил:

Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во 1941 година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подолу ред. Така од првичните „... Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „... Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на Кочо Рацин „Од гроб станаа славните ѕидари...“ со „Одново сега знаме се веје...“ до која доаѓа при првото објавување на оваа песна во „Македонските народноослободителни песни“ во јуни 1943 година.

Во „Македонските народноослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов,Блаже Ристовски (уредник) „Рациновите македонски народноослободителни песни“, „Матица македонска“, Скопје, 1993, 40 стр. односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.

Нотниот запис е утврден од Тодор Скаловски 1944 година. мини|десно|Последната строфа од химната на објект во селото Рамне, Охридско. Иако „Денес над Македонија се раѓа“ се изведуваше како химна речиси на секоја свеченост низ Македонија, нејзиниот пат до официјализација како химна на СР Македонија беше долг. За првпат химна се споменува во Уставот на СРМ од 25.11.1974 г. Член 10, вели „Социјалистичка Република Македонија има химна“, но не дава други детали која е таа химна. Конечно, со уставните амандмани од 14.4.1989, со амандманот XXIV, се заменува членот 10 од Уставот на СРМ. Текстот: „Химна на Социјалистичка Република Македонија е ‘Денес над Македонија’. Со што таа добива официјална позиција, но не е даден официјален текст.

Со уставот од 1991 година, химна на Република Македонија не беше усвоена туку тоа требаше да се стори со закон во рок од 6 месеци. За предлози за химна и за грб и знаме се објави јавен конкурс на кој пристигнаа 36 предлози за химна. Трите најдбори предлози беа „Химна“ од Таки Хрисик, „Денес над Македонија“ верзијата на Тодор Скаловски и „Да ни бидеш вечна“ од Александар Џамбазов. Сепак набргу во процесот за избор на симболи, остана „Денес над Македонија“ како единствен предлог. Химната е изгласана на 11.8.1992 година.

Единствениот амандман од Кирил Ковачевски, бараше третата строфа да гласи: „Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Груев, Сандански“, но беше одбиен со образложение дека текстот е авторски и веќе обнароден и не може да се менува.Стенографски белешки од Првото продолжение на Четириесет и првата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 11 август 1992 година. II/6. Химната беше изгласана со 88 гласови „за“. Пратениците од коалицијата ПДП-НДП го бојкотирале гласањето.

Текст Денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата! Македонците се борат, за своите правдини! Македонците се борат, за своите правдини!

Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна, слободнo живее! Македонија слободна, слободнo живее!Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата, Македонците се борат за својте правдини.

Не тажи Македонијо мајко мила крени глава гордо високо Македонија слободна слободна ќе живее.

Одново сега знамето се вее над Крушевската Република на Гоце Делчев, Питу Гули Даме Груев, Сандански.

Горите македонски шумно пеат бојни песни, нови весници Македонија слободна слободно живее.Денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата! Старо младо машко и женско, на нозе се кренало! Старо младо машко и женско, на нозе се кренало!

Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонците се борат, за своите правдини! Македонците се борат, за своите правдини!

Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари) на Крушовската република! На Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански На Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански

Не плачи Македонијо мајко мила, Крени глава гордо високо, Македонија слободна, слободна ќе живее! Македонија слободна, слободна ќе живее!

Ноти

center|400px|„Денес над Mакедонија“ (Стиснете за поголемо)

Наводи

Надворешна врска Денес над Македонија на Викиизвор Оригиналната и денешната македонска химна (аудио и текст) Денес над Македонија (MP3) Блаже Миневски „Зошто претседателот на Крушевската Република го исфрлија од македонската химна?“ „По Републиката, Карев ја изгуби и химната“ - статија за историјата на македонската химна и одредени мистериозни настани. Химната „Денес над Македонија се раѓа“

Категорија:Национални симболи на Македонија Категорија:Македонски песни Категорија:Национални химни Категорија:Композиции во це-дур