Бубаќево (Бабаќој или Баба Ќој, , Месија; до 1927 г. Μπαλμπακιόϊ, Бабаќој) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 173 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено со македонско мнозинство и турско малцинство.

Географија Селото се наоѓа во западниот дел на Солунското Поле, на 4 км југоисточно од Ашиклар. Лежи на 20 км југоисточно од Гуменџе и на 30 км североисточно од Пазар.

Историја Бо месноста Тумба, на 1 км југозападно од Бубаќево е пронајдена могила, која во 1994 г. е прогласена за заштитен археолошки споменик.

Во Отоманското Царство В XIX век Бубаќево било претежно македонско село во Ениџевардарската Каза.Портал на поранешната општина Ашиклар . Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Бобатово како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.

На австроунгарската воена карта е означено како Бабаќој Вардар (Babaköj Vardar), а на картата на Кондојанис се води како Бабаќој (Μπαμπάκιοϊ), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Бабаќој (Μπαμπάκιοϊ) било село со 35 христијански семејства.

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Баба Ќој (Баба Кьой) имало 346 Македонци, 60 Турци и 46 Роми. Целото христијанско население било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Baba-Keuy) имало 448 Македонци под Егзархијата и во него работело бугарско училиште со еден учител и 24 ученици.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Бубаќово било македонско со 30 куќи.

Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

По податоци на Егзархијата во 1910 г. Бубаќево било чифлигарско село со 48 семејства сочинети од 314 жители Македонци и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Μπαμπάκιοϊ) имало 125 егзархисти и 75 муслимани.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека селото (Баба-кеј) пред Балканските војни имало 60 куќи на Македонци христијани и 20 куќи на Турци.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Бабаќој било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик и муслиманска религија и турски јазик. На пописот од 1913 г. Бубаќево (Μπαρμπάκιοϊ) како село со 407 жители (215 мажи и 192 жени). Во 1920 г. нивниот број опаднал на 387 лица.

Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а дел македонското население (340 лица) било приморано да се исели во Бугарија поради неподносливите малтретирања на грчката власт. На нивно место во септември 1923 г. се населени околу 45 грчки семејства од Ѓумурџина, Западна Тракија, а во август 1924 г. и околу 80 семејства од селото Елбасан, Источна Тракија.

Во 1924 г. селската џамија, изградена во XV–XVI век, е преуредена во црква „Св. Константин и Елена“.

Во 1927 г. селото е преименувано вона Месија. Во 1928 г. Бубаќево е претставено како мешано староседелско-дојденско село со 406 жители, од кои 358 лица (88 семејства) биле грчки дојденци. На почетокот на XXI век повеќето семејства биле дојденски. Имало две староседелски македонски семејства на Велиновски и Тодор Зиковски (Велинис и Теодорос Зикос), 6 каракачански и на 1 понтиски Грци.

Во 1940 г. Бубаќево имало 433 жители. Селото настрадало за време на Граѓанската војна кога монархистичките власти го иселиле населението во Аматово. Во 1951 г. Бубаќево броело само 256 лица бидејќи не сите жители биле вратени, но во 1950-тите населението постепено се сместило назад во своите домови.

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Константин и Елена“ од XV – XVI век, изворно била џамија

Личности

Наводи

Категорија:Пајонија (општина)