„Можеше да биде и реми“ — збирка раскази на македонскиот писател Дејан Василевски (со псевдонимот Гето Руди) објавена во 2017 година во издание на Темплум. За оваа книга Василевски ја освоил наградата „Новите!“. Збирката е објавена во рамките на едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 98 страници. Книгата е испечатена во печатницата Пропоинт во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-99-3. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата Кома. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка АД - Скопје.Гето Руди, Можеше да биде и реми, Темплум, Скопје, 2017.

Содржина Збирката содржи 41 кус расказ, поделени во неколку циклуси: Едноставен ден Едноставен ден Преку мостот Административецот Ацо Марко Остров Ветрот и детето Бон крцка Скопје Три навраќања на мотивот клупа Или јас Приказни за велосипедот Велам Запис Кружниот тек во Сент Никол Топло/ладно Подочниците Ѕидовите Полжав Гилберт Џеронимо Калоспинтехромокрена Забава Перон Снегот (дење) Снегот (ноќум) Верба Сродност Синестезија Жар Вртелешка Смрт и нешто помеѓу Кажувањето на Еразмо Артур Под кипарисот Преку ѕидот до слободата Маргини Белутрак Дежа ви Крик Безделник Поглед Продолжение на островскиот манифест Вистината

Наводи

Категорија:Дела на Дејан Василевски Категорија:Книги од 2017 година Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Македонски дела од 2017 година Категорија:Појавено во 2017 година во Македонија Категорија:Македонски раскази Категорија:Добитници на наградата „Новите!“