Ени Маала — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓало близу браната на денешното Бутковско Езеро.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Ени Маала била македонски чифлик во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ени Маала (Eni-mahala) било село во Серската Каза со 15 домаќинства сочинети од 50 Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ени Маала броела 55 жители Македонци христијани.
На почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото (Yeni-mahala) се состоело од 200 Македонци патријаршисти.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него е попишан 41 жител. Селото се распаднало за време на Првата светска војна и повеќе не е обновено.
Наводи
Категорија:Историски села во Долна Џумаја