Роберт Калвин Бленд (англиски: Robert Calvin Bland; роден како Роберт Калвин Брукс; 27 јануари 1930 година – 23 јуни 2013), професионално познат како Боби „Блу“ Бленд ― американски блуз-пејач.
Бленд развил сопствен стил кој бил мешавина на госпел со блуз и R&B. Неговиот уникатен стил бил инспириран од проповедникот од Детроит, К.Л. Френклин, а Бленд ги проучувал неговите проповеди. Понекогаш го нарекувале „Лав на блузот“ или „Синатра на блузот“. Неговата музика била под влијание на Нет Кинг Кол.
Во 1981 година, Бленд бил примен во Куќата на славните на блузот, во 1992 година во Куќата на славните на рокенролот и во 2012 година во Куќата на славните музичари од Мемфис. Тој добил Греми награда за животно дело во 1997 година. Куќата на славните на рокенролот го опишала како „втора најголема ѕвезда, веднаш зад Би Би Кинг како производ на блуз-сцената на улицата Бил на Мемфис “. Во 2023 година, Ролинг Стоун го рангирал Бленд на 163-то место на нивната листа од 200 најдобри пејачи на сите времиња.
Наводи
Надворешни врски
Bobby Bland discography Bobby Bland at Wenig-Lamonica Associates Bobby Blue Bland Archived July 7, 2011, at the Wayback Machine at AuthenticBlues.com
Категорија:Американски соул пејачи Категорија:Американски блуз пејачи Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Американски пејачи и пејачки од 20 век Категорија:Починати во 2013 година Категорија:Родени во 1930 година