„Срце и нејзините деца“ (сропскохрватски: Срце и њена деца) — ТВ-филм на режисерот Божидар Николиќ од 1988 година, снимен по сценариото на Слободан Стојановиќ. Главните улоги ги играат: Мирјана Карановиќ, Велимир-Бата Живојиновиќ, Мира Бањац, Ружица Сокиќ, Стојан Аранѓеловиќ и Никола Милиќ. Божидар НИколиќ е и директор на фотографијата, сценографијата е дело на Александар Дениќ, костимографијата е дело на Сузана Танасковиќ, автор на музиката е Војислав Костиќ, а монтажата е дело на Светлана Недељков.Срце и њена деца (пристапено на 21.4.2024)
Синопсис Во филмот се прикажува приказната за раното созревање на едно десетгодишно момче кое, заради сплетот на околностите, ја прифаќа одговорноста и тогаш го открива светот и луѓето и, на тој начин, рано израснува во возрасен човек...
Наводи
Категорија:Филмови на Божидар Николиќ Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови од 1988 година Категорија:Филмови со Мирјана Карановиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Мира Бањац Категорија:Филмови со Столе Аранѓеловиќ Категорија:Филмови со Никола Милиќ Категорија:Филмови со Ружица Сокиќ