Преславскиот собор — во историографијата познат и како Преславски црковно-народен собор — бил собир на бугарското благородништво и црковните великодостојници што според традиционалното толкување се одржал во 893 година во Преслав, тогашната престолнина на Првото бугарско царство. Соборот вообичаено се поврзува со симнувањето на кнез Владимир Расате од престолот, изборот на Симеон I за владетел и со промените во црковната и јазичната политика на државата.
Постоењето на ваков собор е широко прифатено во историската наука, но неговиот тек и донесените одлуки не се непосредно засведочени во сочуваните средновековни извори. Главен извор за настаните од 893 година претставува хрониката на Регино од Прум, која не спомнува собор, туку ги опишува дејствијата на кнез Борис I по обидот на Владимир Расате да ја обнови паганската религија. Поради тоа, повеќето детали за соборот се резултат на подоцнежни историографски реконструкции засновани врз анализа на достапните извори и настаните што следеле по 893 година.
Во историографијата со Преславскиот собор традиционално се поврзуваат поставувањето на Симеон I за владетел, пренесувањето на престолнината од Плиска во Преслав и зацврстувањето на словенскиот јазик во богослужбата и државниот живот. Меѓутоа, бидејќи сочуваните извори не даваат непосреден опис на самиот собор, степенот до кој овие промени биле резултат на одлуки донесени на еден собор претставува предмет на историографски дебати.
Заднина и извори Не постои сочуван средновековен извор што непосредно спомнува одржување на Преславски собор во 893 година. Најважниот современ извор за настаните поврзани со соборувањето на Владимир Расате и доаѓањето на власт на Симеон I е хрониката на Регино од Прум (†915), поранешен игумен на манастирот Прум (892–899), составена на почетокот од X век. Во неа се опишува како Борис I го напуштил монашкиот живот, го соборил својот син Владимир, го ослепил и го поставил Симеон за нов владетел, по што повторно се повлекол во манастир.
Меѓутоа, Регино не спомнува собор, ниту пак наведува дека овие настани биле потврдени од некакво црковно или државно собрание. Поради тоа, реконструкцијата на Преславскиот собор се заснова на подоцнежни толкувања на изворите и на обидите да се објаснат значајните политички, црковни и културни промени што следеле по 893 година. Додека поголемиот дел од историчарите прифаќаат дека во Преслав најверојатно бил одржан собир на државната и црковната елита, некои истражувачи укажуваат дека неговото постоење, состав и одлуки не можат целосно да се потврдат врз основа на сочуваните извори.
Најдеталниот современ опис на настаните е зачуван во „Хроникон“ на Регино од Прум:LIBI, vol. II, pp. 306-307
Во историографијата од XIX век овие единствени податоци на Регино за бугарските настани биле примани со повеќе или помалку отворен сомнеж, бидејќи нивната веродостојност не можела да се провери. Зачуваните византиски и средновековни словенски извори (со исклучок на т.н. „Чудото на свети Георги со Бугаринот“) многу нејасно зборуваат или воопшто не го спомнуваат симнувањето на Владимир и доаѓањето на престолот на Симеон. Со оглед на овие околности, разбирливо е зошто изразот на Регино „свикувајќи го целото свое царство“ првично не го привлекол вниманието на истражувачите. Сепак, треба да се забележи дека во првиот дел од своите „Писма за историјата на Србите и Бугарите“, објавени во списанието „Московска беседа“ во 1854–1855 година, Александар Гилфердинг (1831–1872) прв ја изнел идејата дека германскиот хроничар под ова подразбирал токму свикување на собор. Во неговиот слободен превод зборовите на Регино гласат: „потоа, свикувајќи собор од целата своја држава, го поставил за владетел својот помлад син.“ Во 1925 година бугарскиот историчар Васил Златарски ја развил тезата дека изразот convocato omni regno suo („свикувајќи го целото свое царство“) во хрониката на Регино од Прум се однесува на свикување народен собор во Преслав во 893 година. Според неговата реконструкција, на овој собор биле симнати од власт Владимир-Расате и неговите приврзаници, Симеон бил поставен за владетел, престолнината била пренесена од Плиска во Преслав, а словенскиот јазик бил прогласен за официјален јазик во државата и црквата. Тезата на Златарски била дополнително разработена во неговата „Историја на бугарската држава во средниот век“ (1927) и стекнала широко прифаќање во бугарската и странската историографија. Нејзината популаризација била поврзана и со прославите по повод илјадагодишнината од Симеоновата епоха во 1929 година. Подоцна неговите ставови биле прифатени и од историчари како Стивен Рансиман и Григориј Александрович Иљински.
Од втората половина на XX век дел од истражувачите започнале критички да ја преиспитуваат оваа реконструкција. Петар Мутафчиев уште рано предупредил дека нема сигурни докази оти токму на соборот било одлучено воведувањето на словенскиот јазик како официјален јазик на државата и црквата. Современи автори, меѓу кои и Димитар Поливјани, сметаат дека повеќето одлуки што традиционално му се припишуваат на Преславскиот собор не можат сигурно да се потврдат од изворите и дека најверојатно не претставувале едновремени акти донесени на едно собрание. Според ова гледиште, Преславскиот собор во голема мера претставува историографска реконструкција изградена врз ограничени и посредни сведоштва. Треба да се има предвид дека за Франките во IX век казната со ослепување не претставувала варварски чин на самоволие, туку законска привилегија и јасен израз на легитимната царска власт, преземен од византиската практика. Можно е токму ослепувањето на бугарскиот владетел Владимир од страна на неговиот татко-монах да го привлекло вниманието на Регино.
Во историјата на Франкската империја имало повеќе случаи на ослепување припадници на владејачката каролиншка династија, а еден од најпознатите бил случајот со Карломан, помладиот син на западнофранкискиот крал Карло Ќелавиот, кој во 873 година бил ослепен откако го напуштил манастирот и кренал бунт против својот татко. Историчарот Јордан Трифонов своевремено претпоставил дека Регино намерно ја обликувал приказната за ослепувањето на Владимир за да ја претстави како праведна казна, по аналогија со случајот на Карломан. Иако тезата за измисленоста на настанот не може да се докаже, таа укажува на потребата сведоштвото на Регино да се анализира во контекст на неговата хроника и на неговите идеи. Самиот Регино имал лични причини да се интересира за вакви случаи. Како игумен на манастирот Прум, тој се грижел за Хуго, вонбрачен син на кралот Лотар II, кој бил ослепен во 885 година поради обид да го преземе татковото кралство. Судот и пресудата против Хуго биле донесени на собор свикан во Франкфурт, што веројатно дополнително влијаело врз разбирањето на Регино за односот меѓу власта, казната и легитимноста. Во Франкската држава соборите и државните собранија биле важен дел од политичката традиција. Латинскиот израз што Регино го употребил – convocato omni regno suo („свикувајќи го целото свое царство“) – наликува токму на терминологијата со која франкските извори ги опишувале државните собори на императорите. Особено блиска паралела се среќава во Моасакската хроника, каде што за соборот свикан од Карло Велики во 813 година се вели дека бил собран „од целото негово кралство или царство“.
Поради тоа може да се претпостави дека Регино располагал со некаква информација за настаните од 893 година и во нив препознал сличност со франкските политички традиции. Сепак, не може да се исклучи и можноста дека тој делумно ја преработил и литературно ја обликувал првичната вест за ослепувањето на Владимир, дополнувајќи ја со претстава за собор кој симболизира законитост на власта и согласност меѓу владетелот и неговите поданици.
Одлуки Во историографијата на Преславскиот собор најчесто му се припишуваат следниве одлуки:Andreev, p. 85
Принцот Владимир-Расате бил симнат од престолот и на негово место дошол неговиот брат Симеон I. Симеон, кој требало да биде висок свештеник, па дури и Архиепископ,Andreev, p. 91Runciman, p. 137 бил ослободен од неговата монашка заклетва.Andreev, p. 92 Имало и промена во принципот на сукцесија што му овозможило на братот на монархот да го наследи. Дотогаш само првородениот син на монархот можел да го наследи на престолот. Таа промена ја спомнал Јован Егзарх во своето дело Шестоднев. Главниот град на Бугарија бил преместен од Плиска во Преслав. Таа одлука се објаснува со желбата на Борис I да избере престолнина подалеку од Плиска каде сеќавањето на незнабошното минато сè уште било многу силно. Во новата престолнина Симеон би бил опкружен со луѓе лојални на христијанството и на прословенската политика на неговиот татко.Zlatarski, pp. 258-259 Преслав бил и местото на манастирот ПантелејмонRunciman, p. 136 каде Борис I се пензионирал и каде што можеби престојувал самиот Симеон. Андреев сугерира дека поставувањето на главниот град во Преслав било симболичен чин на раскинување со паганството.Andreev, p. 85 Византиското свештенство требало да биде протерано од земјата и да се замени со бугарски свештеници. Меѓу новоименуваните бугарски епископи бил и Св. Климент Охридски кој бил испратен во Девол во областа Кутмичевица.Zlatarski, pp. 271-273 Старословенскиот јазик требал да го замени грчкиот во литургијата. Така тој станаол официјален јазик на Бугарија. Овој чин бил од големо значење не само за Бугарија туку и за целиот словенски свет.Zlatarski, pp. 261-262
Значење Одлуките донесени за време на Преславскиот Совет имале големо влијание врз бугарската историја. Официјалниот статус на старобугарската дал голем поттик за развојот на Преславската и Охридската книжевна школа. Бугарската култура и литература влегла во своето златно доба под власта на новоизбраниот Симеон I и земјата станала културен и духовен центар на словенска Европа.Lalkov, pp. 23-25 Отстранувањето на византиското свештенство и грчкиот јазик од литургијата обезбедил Бугарија да се држи настрана од какво било силно или директно византиско влијание во нејзината политика и верски живот.Zlatarski, p. 284
Реакцијата на Византија била брза. Веднаш во 894 година, царот Лав VI го преселил пазарот на бугарските трговци од Константинопол во Солун, што претставувало тежок удар за бугарските економски интереси.Zlatarski, pp. 284-287 Ова ја разгорело првата комерцијална војна во Европа, во која победил Симеон I по одлучувачката битка кај Булгарофигон.
Белешки ^ a: Народниот совет постоел од создавањето на Бугарија и во својата првобитна форма го вклучил целиот „вооружен народ“ предводен од болјарите. Имал повисок авторитет од Хан, што можел да се илустрира со Советот од 766 година кога бил симнат ханот Сабин. Народниот совет почнал да губи важност со централизацијата на земјата под Крум и Омуртаг и особено по христијанизацијата кога монархот се сметал за претставник на Бог на земјата.
Наводи
Извори
Николов, А., Факти и догадки за събора през 893 година. - В: България в световното културно наследство. Материали от Третата национална конференция по история, археология и културен туризъм "Пътуване към България" - Шумен, 17-19. 05. 2012 г. Съст. Т. Тодоров. Шумен, 2014, 229-237
Категорија:Бугарија во 9 век Категорија:893 Категорија:Велики Преслав Категорија:Прво Бугарско Царство