Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Ѓопчели; скратено: ПООУ „Кочо Рацин“) — подрачно основно училиште во селото Ѓопчели, претставува единка на истоименото училиште од местото Нов Дојран.

Училиштето е именувано по македонскиот поет Кочо Рацин.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Ѓопчели, на влезот во селото, веднаш десно од патот.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Дојран Ѓопчели Категорија:Ѓопчели