Алек Шејн Бенџамин (англ. Alec Shane Benjamin; роден на 28 мај 1994) ― американски пејач, текстописец и музичар. Роден е во Феникс, а на музичката сцена се пробил со неговата песна од 2018 година „Let Me Down Slowly“. Песната се пласирала во топ-40 во над 25 земји и до декември 2023 година имала над 1,7 милијарди прегледи на Spotify.

Живот и кариера Алек Шејн Бенџамин е роден на 28 мај 1994 година, во Феникс, Аризона. Почнал да учи гитара во средно училиште, и во 2013 година го објавил неговиот прв мини-албум (EP) America.

Бенџамин потпишал со Columbia Records и се запишал на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Сепак, Columbia Records го прекинала партнерството неколку недели откако тој го поднел неговиот албум. По раскинувањето на партнерството со Columbia Records, тој заминал на самофинансирана турнеја во Европа. Неговата музика ја промовирал преку настапи на паркинзи пред концертните места.

На 16 ноември 2018 година Бенџамин го објавил микстејпот Narrated for You. На него се наоѓала и песната со која тој се пробил на музичката сцена, „Let Me Down Slowly". Таа потоа била реиздадена како сингл со пејачката Алесија Кара.

Првиот студиски албум на Бенџамин, These Two Windows, бил објавен на 29 мај 2020 година. Неговиот втор албум, (Un)Commentary, следел на 15 април 2022 година.

Дискографија

Студиски албуми

These Two Windows (2020) (Un)Commentary (2022)

Наводи

Надворешни врски

Официјална веб страна

Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Статии со извори на холандски (nl) Категорија:Американски пејачи Категорија:Американски пејачи од 21 век Категорија:Американски кантавтори Категорија:Американски поп-пејачи