Јувентус Некст Џен е вториот тим на Јувентус, фудбалски клуб од Италија со седиште во градот Торино. Моментално се натпреварува во Серија Ц, третото ниво на италијанскиот фудбал.

Основана во 2018 година, под името Јувентус У23, своето сегашно име го добива во 2022 година. Тимот, кој бил прв со ваков вид на функција во земјата од 1976 година (година на укинувањето на Кампионато Де Мартино), е еден од трите, заедно со машкиот прв тим и женскиот прв тим, кои го претставуваат клубот Јувентус на професионално ниво – иако Нект Џен е подложен на ограничувања и во однос на возраста и во строго спортско-социјалната сфера - како и, севкупно, вториот по хиерархиски редослед во машкиот сектор на Јувентус, кој следи зад првиот тим и му претходи на Примавера тимот до 19 години кој припаѓа на младинскиот сектор.

Историја Генезата на тимот на Јувентус до 23 години влече корени во сезоната 2017-2018, кога клубот од Торино, во очекување на федерална реформа во оваа смисла, веќе формирал неофицијална структура со цел да може да го следи патот и растот на своите млади играчи кога ќе направат скок од академијата во професионалните води.

Тимот, со оригинално име Јувентус У23, официјално бил формиран на 3 август 2018 година по повторното воведување на резервни тимови во италијанскиот фудбал и бил регистриран, според федералните одредби, како нов тим во Серија Ц првенството.. Откако се погрижиле да "опстанат" во истата лига во дебитантската година, во следните сезони Јувентус имал повеќе успех во третата дивизија и неколку пати се квалификувал за плејофот за промоција; дополнително во 2020 година, во својата втора сезона на активност, предводен од тренерот Фабио Пекија и капитенот Рафаеле Алчибјаде тимот го освоил Купот на Италија Серија Ц, што било прв пат во историјата на натпреварувањето трофејот да го освои некој втор тим.

Од 26 август 2022 година, името на клубот било сменето во Јувентус Некст Џен.

Структура

Стадион Јувентус Некст Џен ги игра своите домашни натпревари на стадионот Џузепе Мокагата во Алесандрија, кој го дели со . Во посебни случаеви, доколку е потребно, може да го користи и објектот на машкиот прв тим, Стадионот Јувентус.

Тренинг центар Тренинзите на клубот се одржуваат во Јувентус Тренинг Центарот (ЈТЦ) во Виново; сепак, Јувентус Некст Џен понекогаш го дели и другиот тренинг центар во Континаса, Торино, со првиот тим на Јувентус.

Играчи Моментален состав

Тренери

Тренерски штаб

Титули Куп на Италија Серија Ц : 2019-2020

Поврзано ФК Јувентус Младински сектор на ФК Јувентус

Наводи

Надворешни врски

Јувентус Некст Џен на Soccerway

Некст Џен Категорија:ФК Јувентус Некст Џен Категорија:Торино Категорија:Фудбалски клубови од Италија