Трајко Андреев, роден како Трајче Јованов Андреев (Богомила, 7 мај 1925 — Велес, 8 ноември 1944) — македонски партизан, член на комунистичката партија на Југославија и после комунистичката партија на Македонија. Борец од осмата велешка ударна бригада којшто загинал во битката за ослободувањето на Велес. По негова чест ОУ „Трајко Андреев“ го носело неговото име пред 2006, кога школото паднало под склоп на ОУ „Блаже Конески“.
Животопис Трајко Андреев е роден во сиромашна земјоделска фамилија од Богомила. Во рани години имал интерес кон социјализмот и комунизмот, заради нејзиното ширење низ регионот од различни велешки членови од ВМРО (Обединета), како Панко Брашнаров и Алексо Мартулков.
Во септември 1944 година, на 18 години се приклучил со македонските партизани при формирањето на осмата македонска ударна бригада во Отоштино. Учествувал во различни битки, во октомври 1944 учествувал во судири со албански фашистички балисти во Каршијак, Скопско. Во октомври 7-ми учествувал во битката за ослободувањето на селата Грчец и Крушопек. После тоа се борел со балистите во Говрлево.
Со поразот на балистите, осмата македонска ударна бригада ги следиле силите во Здуње, Гургурница и Седларево. Андреев храбро се борел и успешно ги победиле балистите, после победата почнале да водат борби за ослободувањето на Велес. Во 8 ноември, 1944 Андреев учествувал заедно со другите македонски партизани за ослободувањето на градот. Андреев трагично бил погоден од германски куршуми при борбите во главните улици на градот. Бил погребан во неговото родно село.
Наводи
Категорија:Луѓе од Богомила Категорија:Починати во Велес Категорија:Родени во 1925 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битката за ослободувањето на Велес