Ања Цревар (родена на 24 мај 2000 година) е српска пливачка и членка на клубот Натасион Фуенсанта (UCAM Natación Fuensanta).

Таа го освоила бронзениот медал на Европските игри во 2015 година, кои служеле како Европско јуниорско првенство, во мешан стил на 400 метри и постигнала нов национален рекорд. На Светското првенство за јуниори 2015 година одржано во Сингапур, на 15-годишна возраст, таа го освоила 5-тото место во финалето постигнувајќи нов национален рекорд на 400 метри мешано, со што исто така било постигнато време за клафикација на олимписки игри. Затоа, таа ја претставувала Србија на Олимписките игри во 2016 година.

Во октомври 2018 година, го освоила сребрениот медал на 200 метри поединечно за девојки на Младинските олимписки игри 2018 во Буенос Аирес, Аргентина, зад освојувачката на златниот медал Анастасија Горбенко од Израел."Israeli 15-year old swimmer wins gold in Youth Olympic Games," Haaretz. Во февруари 2024 година, Цревар била пласирана на 4-то место на 400 метри поединечно мешано за жени на Светското првенство во водени спортови во 2024 година.https://rtv.rs/sr_lat/sport/individualni-sportovi/srpska-plivacica-anja-crevar-osvojila-cetvrto-mesto-na-svetskom-prvenstvu-na-400-metara-mesovito_1517511.html

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Српски пливачки Категорија:Спортисти од Панчево