Арапска Плоча — мала тектонска плоча на северната и источната полутопка.

Ова е една од трите континентални плочи (заедно со Африканската и Индиската) кои во минатото пристигнале од југот и се судриле со Евроазиската Плоча. Како последица од судирот дошло до мешање на плочните парчиња и настанок на планински венци кои се протегаат на запад од Пиринеите, преку Јужна Европа, Иранската Висорамнина, образувајќи ги веригите Алборз и Загрос, до Хималаите и венците во Југоисточна Азија.

Граници мини|исправено=1.5|Арапската и соседните плочи на карта на светот.

Арапската Плоча се состои претежно од Арапскиот Полуостров; на запад се протега до Синајскиот Полуостров и Црвеното Море, а на север до Левантот. Границите на плочата се следниве:

Исток: со Индоавстралиската Плоча во Овеновиот Прелом Југ: со Африканската Плоча на запад и Сомалиската и Индоавстралиската Плоча на исток Запад: лева странична раседна граница со Африканската Плоча наречена Мртвоморски Расед, како и раздвојувачка граница со Африканската Плоча наречена Црвеноморски Расед кој се протега долж Црвеното Море; Север: приближувачка граница со Анадолската и Евроазиската Плоча, вклучувајќи ги Источноанадолскиот Расед, Загроскиот Наборно-потисен Појас и Макранскиот Ров.

историја Оваа плоча била дел од Африканската Плоча во фанерозоикот (палеозоик–кенозоик), сè до олигоценската епоха на кенозоикот. Раседнувањето во денешното Црвено Море почнало во еоценот, а разделувањето на Африка и Азија се случило пред околу 25 милиони години во олигоценот, и оттогаш Арапската Плоча се движи кон Евроазиската. Отворањето на црвеноморскиот расед предизвикало вулканска активност. Западните делови на плочата се покриени со вулкански полиња наречени Постари Харати, чии позначајни примери се Харат Хајбар и Харат Рахат. Постои извесна активност и денес, особено околу Медина, а во Црвеното Море има редовни избуви.

Судирот помеѓу Арапската Плоча и Евроазија предизвикува издигање на венецот Загрос во Иран. Бидејќи Арапската и Евроазиската Плоча се судираат, некои градови како оние во југоисточна Турција (кои лежат на Арапската Плоча) се подложни на земјотреси, цунамија и вулкани.

Земји и региони Плочата ги опфаќа следниве земји: Бахреин, Џибути, Ирак, Јордан, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Сирија, ОАР и Јемен. Воедно таа ги опфаќа и овие региони: Антилибан (Либан), делови од Аудал (Сомалија/Сомалиленд), Хузестан (Иран), Југоисточна Анадолија (Турција) и Јужна Денкаља (Еритреја).

Наводи

Категорија:Тектонски плочи Категорија:Арапски Полуостров Категорија:Геологија на Африка Категорија:Геологија на Азија Категорија:Геологија на Индискиот Океан