Цаконскиот јазик () е мошне дивергентна современа варијанта на грчкиот јазик, кој се говори во регионот на Цаконија на Пелопонез, Грција. За разлика од сите други современи варијанти на грчкиот јазик, цаконскиот води потекло од дорскиот дијалект на старогрчки, а не од атичко-јонската група.Linguist List Иако конвенционално е третиран како дијалект на грчкиот, тој претставува засебен јазик. Цаконскиот јазик е критично загрозен, а останати се само неколку стотици/илјади, главно постари луѓе, кои течно го говорат. Иако цаконскиот и стандардниот грчки се поврзани, тие не се меѓусебно разбирливи јазици.

Наводи

Категорија:Јазици во Грција