мини|Реставрација на Кецалкоатлус Кецалкоатлус бил птеродактилоиден птеросаурус од доцната креда на Северна Америка (стадиум мастрихт) и едно од најголемите познати летечки животни на сите времиња. Тој бил член на семејството Azhdarchidae, на напредни птеросауруси без заби со невообичаено долг и вкочанет врат. Името го добила по мезоамериканскиот бог, пердувеста змија - Кецалкоатл.

Опис лево|мини|200x200пкс| Споредба на големините помеѓу Q. northropi (зелена), Q. sp (сина) и човек Остатоци од черепот на неименуван помал вид покажуваат дека Quetzalcoatlus имал многу остар и зашилен клун, спротивно на претходните реконструкции, кои го прикажувале со тап крај, што настанало поради невнимателно вклучување на остатоците од вилицата на друг вид птеросаурус, веројатно на тапежарида или на видот поврзан со родотTupuxuara. На черепот постоела цуцулка, но нејзината точна форма и големина сè уште не се познати.

Големина Кога првпат бил пронајден, научниците процениле дека најголемите фосили на Quetzalcoatlus потекнуваат од единка со распон на крилјата од дури 15,9 метри, меѓутоа, во 1981 година понатамошните истражувања ги спуштија тие проценки на 11 до 12 метри. Поновите проценки засновани на поголемо познавање на пропорциите на аждаркидите кажуваат дека неговиот распон на крилјата е меѓу 10 до 11 метри.

Проценката на масата на џиновските аждаркиди е крајно проблематична, бидејќи ниту едно денешно животно не личи на нивната големина или изгледот, па затоа објавените резултати многу се разликуваат. Повеќето проценки за нивната тежина објавени од 2000-тите кажуваат дека биле околу 200 до 250 kg.

Откритие и видови лево|мини| Реконструкција во исправена положба Првите фосили на Quetzalcoatlusa биле пронајдени во 1971 година од Даглас А. Лосон, дипломиран студент по геологија, во Тексас (формација Javelina, Мастрихт ) во националниот парк Биг Бенд (стар околу 68 милиони години). Тој примерок се состоел од нецелосно крило (кое кај птеросаурусите се состои од подлактица и издолжен четврти палец) на единка, чиј распон подоцна бил проценет на над 10 метри.Witton, M.P., and Naish, D. (2008). "A Reappraisal of Azhdarchid Pterosaur Functional Morphology and Paleoecology." PLoS ONE, 3(5): e2271. Лосон открил втор локалитет со иста старост, околу четириесет километри оддалечен од првиот, каде што тој и професорот Ван Лангстон Џуниор меѓу 1972 и 1974 година откриле фрагменти од скелети на многу помали единки. Во 1975 година, Лосон ова откритие го објавил во списанието Science. Истата година, во следното писмо до истото списание, тој направил голем оригинален примерок, TMM 41450-3, холотип на новиот род и вид, Quetzalcoatlus northropi. Името на родот е земено од ацтечкиот бог Кецалкоатл (пердувеста змија). Името на видот било дадено во чест на Џон Кнудсен Нортроп, основач на Здружението Нортроп, кој бил заинтересиран за дизајн на големи авиони без опашка, на кои Кецалкоатлус многу личел. Најпрво се претпоставувало дека помалите примероци се младенчиња или сè уште незрели единки. Подоцна, кога биле откриени повеќе остатоци, научниците сфатиле дека тие би можеле да бидат различни видови. Во 1996 година, Александар Келнер и Лангстон привремено ја именувале единката од вториот можен вид од Тексас Quetzalcoatlus sp., што укажува дека нејзиниот статус е премногу неизвесен за да ѝ се додели целосно ново име. Помалите примероци се поцелосни од холотипот на Q. northropi и вклучуваат четири нецелосни черепи, иако се многу помали по маса, а нивниот распон на крилјата се проценува на 5,5 метри.

Холотипскиот примерок на Q. northropi сè уште не е соодветно опишан и дијагностициран. Марк Витон и неговите колеги (2010) веруваат дека таму каде што познатите остатоци се преклопуваат, тие не се разликуваат од романскиот Hatzegopteryx, кој живеел во истиот период. Ако Q. northropi е доволно комплетен за да го одвои од другите птеросауруси (т.е., ако не е nomen dubium), Hatzegopteryx би можел да биде истото животно. Веројатно е дека огромните птеросауруси како Q. northropi би имале многу голема, прекуконтинентална дистрибуција, така што неговата појава и во Европа и во Северна Америка не би била изненадувачка. Марк Витон и сор. истакнале дека черепите на Hatzegopteryx и Q. sp. се разликуваат доволно што не можат да се сметаат за исто животно, што го прави веројатно дека Q. sp. , ако не е идентичен со видот Quetzalcoatlus northropi, претставува посебен род.

Вратниот пршлен на аждаркид, пронајден во 2002 година во формацијата Hell Creek (Maastrichtian), може да припаѓа на родот Quetzalcoatlus. Тој примерок (BMR P2002.2) е откриен случајно при транспорт на дел од примерок од тираносаурус. Иако е пронајден со остатоци од месојаден диносаурус, пршленот нема траги од заби на него. Таа коска потекнува од аждаркид птеросаурус со распон на крилјата од 5 - 5,5 m. Палеобиологија Quetzalcoatlus бил вообичаен во Тексас за време на ланцијанскиот фаунистички стадиум, во која доминирал Аламосаурус. Врската помеѓу Alamosaurus и Quetzalcoatlus е веројатно нивното живеалиште- полусувите континентални рамнини. Кецалкоатлус имал претходници во Северна Америка, а зголемувањето на неговата распростанетост може да биде поврзана со проширувањето на неговото доминантно живеалиште, а не предизвикано од доселување, како што сугерираат некои експерти.

Исхрана десно|мини| Уметнички приказ на група Кецалкоатлуси додека се хранат на земја Предложени многу различни идеи во врска со начинот на живот на Кецалкоатлус. Бидејќи неговото живеалиште било четиристотини километри од најблискиот брег и немало докази дека имало големи реки или длабоки езера на крајот на Креда, Лосон во 1975 година ја отфрлил исхраната со риби и наместо тоа предложил дека Кецалкоатлус е мршојадец, како штркот марабу, само тогаш мршата била од сауропод титаносауруси, како што е Аламосаурус. Лосон ги пронашол остатоците од овој џиновски птеросаурус додека ги барал коските на Аламосаурус, кој бил битен дел од неговиот екосистем.

Во 1996 година, Томас Леман и Лангстон ја отфрлиле хипотезата за мршојадство, истакнувајќи дека долната вилица се кривела надолу толку силно што, дури и ако вилиците се целосно затворени, ќе има јаз од над 5 см помеѓу горниот и долниот дел, што е многу различно од кукастите клунови на птиците специјализирани за исхрана со мрша. Тие сугерирале дека, со оглед на долгите вратни пршлени и долгата вилица без заби, Кецалкоатлус се хранел како модерна водна птица, фаќајќи риба со сечење на површината на водата со клунот. Иако овој начин на хранење стана широко прифатен, тој бил потврден со научни методи дури во 2007 година, кога една студија покажала дека таков метод на хранење не би бил соодветен за толку голем птеросаурус поради преголемата потрошувачка на енергија, што се јавува поради прекумерниот аеродинамички отпор. Во 2008 година, Марк Пол Витон и Дарен Неиш објавиле преглед на можните навики за хранење и екологијата на аждаркидите. Витон и Наиш нагласиле дека повеќето остатоци од аждаркиди се пронајдени во копнени наслаги, далеку од морињата и другите големи водни површини, кои би биле неопходни за хранење со риби. Освен тоа, анатомијата на клунот, вилиците и вратот не е слична на анатомијата на кое било современо животно кое се храни на тој начин. Тие заклучиле дека наместо тоа, аждаркидите најверојатно се прикрадувале на пленот, слично на денешните штркови и веројатно ловеле мали 'рбетници на копно или во помали потоци. Иако Quetzalcoatlus, како и другите птеросауруси, оделе на сите четири, Quetzalcoatlus и другите аждаркиди имале пропорции на предните и задните екстремитети слични на денешните копитари кои трчаат, што е индикација дека тие биле единствено приспособени за живот на копно.Witton, M.P., and Naish, D. (2008). "A Reappraisal of Azhdarchid Pterosaur Functional Morphology and Paleoecology." PLoS ONE, 3(5): e2271.

Лет лево|мини| Уметничко прикажување на единка во лет Природата на летот во Кецалкоатлус и другите големи аждархиди не била добро истражени се додека во 21 век не биле спроведени сериозни биомеханички истражувања. Во раниот експеримент од 1984 година Пол МекКреди користел практична аеродинамика за да го тестира летот на Кецалкоатлус. МекКреди конструирал модел на летечка машина, или орнитоптер, користејќи едноставна компјутерска функција како автопилот. Моделот успешно летал со користење на комбинација на едрење и мавтање на крила; сепак, моделот бил двојно полесен од тогаш проценетата тежина на животното од 80 кг, што е многу помалку од денешните проценки, кои даваат бројка од над 200 кг. Начинот на летот кај овие птеросауруси во голема мера зависел од тежината, што е контроверзна тема, бидејќи различни научници претпочитаат различни проценети тежини. Некои истражувачи сугерираат дека овие животни користеле бавен, едречки лет, додека други сметале дека нивниот лет бил брз и динамичен.Witton, M.P., and Naish, D. (2008). "A Reappraisal of Azhdarchid Pterosaur Functional Morphology and Paleoecology." PLoS ONE, 3(5): e2271. Во 2010 година, Доналд Хендерсон тврдел дека масата на Q. northropi била потценета, дури и според највисоките проценки, и дека е премногу тешка за лет со погон. Во неговата статија од 2010 година ја проценил неговата тежина на 544 кг. поради што Хендерсон мислел дека можеби и не бил летач.Henderson, D.M. (2010). "Pterosaur body mass estimates from three-dimensional mathematical slicing." Journal of Vertebrate Paleontology, 30(3): 768-785.

Сепак, повеќето други проценки за способноста за летање не се согласуваат со истражувањето на Хендерсон, покажувајќи наместо тоа дека животно било добро прилагодено за лет на долги растојанија. Мајк Хабиб, професор по биомеханика на Универзитетот Чатам и Марк Витон, британски палеонтолог, 2010 година спровеле дополнителни истражувања за способноста за летање на големи птеросауруси. Откако ги зеле во предвид распонот на крилата, тежината и аеродинамиката, софистицирана компјутерска програма ги довела до заклучок дека Q. northropi бил способен за лет од 80 милји на саат, 7- 10 дена и на надморска височина од 15000 стапки. Мајк Хабиб понатаму предложил максимален радиус на лет од 8000-12000 милји за Q. northropi. Тој ја критикувал работата на Хендерсон, истакнувајќи дека иако Хендерсон користел одлични проценки за масата, тие се засновале на застарени модели на птеросауруси и дека анатомските студии на Q. northropi и други големи птеросауруси покажувале дека нивните предни екстремитети имале поголем степен на робусност од очекуваното за целесно четириножно животно. Хабиб верува дека големите птеросауруси, најверојатно, користеле кратки летови со погон пред да преминат на термално едрење.

Наводи

Категорија:Изумрени видови Категорија:Птеродактилоиди